0 0
Туршија Рецепт – Свежа до крајот на Зимата !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Туршија Рецепт – Свежа до крајот на Зимата !

Рецепт од Мајка ми !

Features:
    • 15 минути
    • Easy

    Directions

    Share

     Свежиот зеленчук кој се конзервира на есен е за да го пополни недостигот од витамини во текот на зимските месеци!

    Разновидноста и количината на зеленчуци зависи од вкусот и желбите на секое семејство.

    Важно е зеленчукот да биде здрав, убаво да се исчисти и измие, притоа да се нареди збиено за да не лета кога ќе се прелие со течност (пресол).

    Зелени домати, зелени динчиња, карфиол, морков, пиперчиња, краставици се најчестите кои јас ги користам, но секако може да се користи зеленчук по зелба и да се комбинира со овошје!

    Рецепт од мајка ми стар неколку децении !

    Состојки

    4кг зеленчук

    1 кг 9% бел оцет

    4 кг вода

    100 грама шеќер

    200 грама готварска сол(може да ја комбинирате и со морска сол)

    бибер во зрно и сув ловоров лист по вкус

    1/2 кесичка винобран

    Доколку не сакате да користите винобран следете ги другите рецепти подолу како да пастеризирате и зачувате зимница без конзерванси.

    Подготовка на Зеленчук!

    Убаво исчистете го зеленчукот и измијте го да нема нечистотии.
    Направете засеци или издупчете го зеленчукот на неколку места за да може од течноста со која ќе се прелијат да примаат побрзо и за пократко време да бидат вкусни и спремни за јадење!
    Убаво и змиено наредете ги во тегла или поголем сад, за да не летаат кога ке ги прелиете.

    Подготовка на Пресол!

    Во сад додадете 4кг вода и во неа додадете, 1кг оцет(9%), шеќер 100 гр, 200гр сол и една кесичка винобран.
    Доколку сакате може да користите и половина кесицка конзерванс. Убаво измешајте ги сите состојки додека се растопи шеќерот и солта.
    Ставете црн бибер и ловоров лист по желба во секоја тегла и на крај прелијте со течноста.

    При преливањето убаво прелијте го зеленчукот и затворете ги теглите.
    Доволни се десет дена пред консумација!Зеленчукот останува свеж во текот на целата зима.

    Чувајте ја туршијата на ладно место и да не е изложена директно на сонце!

     

    Доколку ви се допаѓа рецептот споделете и ликнете 🙂

    За повеќе рецепти за зимница следете ги линковите подолу.

    ТУРШИЈА – Руска Салата без конзерванс!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Колачиња од Авокадо, без глутен!
    next
    Soft Buttery Cookies that melts in your mouth!
    previous
    Колачиња од Авокадо, без глутен!
    next
    Soft Buttery Cookies that melts in your mouth!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here