0 0
Туфахија со сируп од Вишна!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Туфахија со сируп од Вишна!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Варени јаболка се еден од највкусните десерти, со прекрасна арома на ванила и вкус надополнет од ореви и вишна. Еден од најпознатите босански рецепти туфахија, прилагоден по мој вкус кој може да го испробате.

    Овој безглутенски и вегански десерт може да биде здрава варијанта ако го подготвите со природен засладувач од мед, или може да користите кокосов шеќер, кафеав шеќер или шеќер во зрно по избор.

    Време за подготовка на овој десерт е 15 минути и не бара многу труд и внимание.

    Најдобра јаболка која може да ја користите е златен делишес или црвен делишес, бидејки се поцрврсти јаболка со малку киселкаст вкус и не се распаѓаат при варење лесно.

    Состојки и Постапка

    3 јаболка (златен/црвен делишес)

    700 мл вода

    2 лажици засладувач

    1 стапче цимет

    кора од една јаболка

    ванила екстракт

    1/2 лимон за премачкување на јаболката

    Излупете ги јаболката и отстранете ја кората, и семките во внатрешноста. Премачкајте ја секоја јаболка со малку лимонов сок, однадвор и одвнатре за да остане бела.

    Во посебен сад додадете ја водата, едно цимет стапче, засладувач и кора од една јаболка, ванила екстракт или ванилин шеќер. Откако ќе зовире водата додадете ги јаболката и варете ги најмногу 6 минути, или три минути од едната страна и свртете ја уште три минути од другата страна.

    Сварените јаболка извадете ги од водата и оставете ги да се изладат целосно.

    Во меѓувреме подгответе го филот и сирупот

    Фил за полнење

    6 лажици мелени ореви

    2 лажици мед

    6 лажици вода во која се вареа јаболката

     

    Измешајте ги сите состојки, по потреба додадете вода ако е премногу густа смесата. Имајте на ум дека филот не треба да биде течен, туку погуст.

    Филот додадете го во шприц за полесно да ги наполните, со овој фил наполнете 1/2 од внатрешноста  на јаболката, па додадете две до три супени лажици од сирупот од вишна и наполнете со фил до крај.

     

    Сируп од вишна

    Овој сируп ќе даде дополнителен вкус на овој прекрасен десерт а се подготвува многу лесно.

    150 грама вишни

    2 лажици шеќер во зрно

    ванила екстракт

    Додадете ги вишните исчистени од коска заедно со шеќерот и ванила екстрактот. Откако ќе се растопи шеќерот варете уште три до пет минути на умерена температура. Изблендирајте со рачен блендер и процедете ако сакате мазна структура. Оладете го сирупот пред да го додавате.

    На крај декорирајте по желба со малку хопла на врвот, ливчиња нане, една вишна и поросете со мелени ореви.

    Може да ги чувате варените јаболка во фрижидер покриени со фолија и изладени да ги подготвите пред дегустација.

    Имајте добар апетит!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Cleans your body of all Parasites with Pumpkin Seeds! A Powerful Detox Drink!
    next
    Stuffed Poached Apples with Walnuts and Cherry syrup! Delicious”Tufahija”!
    previous
    Cleans your body of all Parasites with Pumpkin Seeds! A Powerful Detox Drink!
    next
    Stuffed Poached Apples with Walnuts and Cherry syrup! Delicious”Tufahija”!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here