Directions

Тараторот е здрава освежителна летна салата која баба ми и мајка ми ја подготвуваа најчесто од кисело млеко во топлите летни денови како салата и ја консумиравме со кришка леб.
Комбинацијата од свежи билки, свежа краставица и толчени чешниња лук веднаш го освежуваат телото и даваат чувство на студенило кога летната температура е над 30 и 40 степени.
Состојки
1 краставица (на коцки)
500 мл кисело млеко (овчо или кравјо)
2 чешниња лук (толчени)
50 грама ореви (сецкани)
прстофат морска сол
свежи листови од магдонос и босилек 
Подготовка
Исчистете една свежа краставица и исечете ја на мали коцки. Во длабок сад додадете две чешниња лук и прстофат морска сол и истолчете ги. Потоа додадете им свеж магдонос и свежи листови босилек и истолчете ги да ги ослободат соковите и сите вкусови за да се соединат.
Измешајте го киселото млеко со жица да биде мазно и додадете го во останатите состојки, на крајот додадете ги сецканите ореви, измешајте и послужете со потпечено парче леб и консумирајте како вечерна салата или во кое било друго време од денот. На здравје!
Видео подготовка може да следите на видеото во продолжение.








