Directions
Слаткото од диви капини едно од највкусните традиционални слатка кое се подготвува кај нас со децении.
Го приготвуваа моите баби и мајка ми, на едноставен начин, а се може да го користите во текот на целата зима за многу десерти, торти, палачинки или традиционално да ги послужат гостите.
Состојки
2 килограми дива капина
1400 грама шеќер во зрно
Подготовка
Пред да го подготвите слаткото од капини, потребно е да ги измиете од нечистотии.
Ако правите една доза од рецептот користете тенџере од 5 кг. Измиените капини распоредите ги во неколку редови, притоа секој ред покриете го со шеќер во зрно.
Започнете со ред капини на дното од тенџерето и врз нив додадете шеќер доволно да се покријат убаво. Ред капини, ред шеќер и на крајот завршете со шеќер.
Вака приготвени оставете ги да отстојат најмалку 2 часа за да може капината да ги пушти соковите и шеќерот да почне да се топи.
После два часа ставете го тенџерето на тивок оган додека да зоврие. Мешајте внимателно и поретко откако ќе зовријат, притоа отстранете ја пената од површината. Зовриените капини варете ги 10 до 15 минути, не повеќе, за да капината остане цела и да не омекне премногу.
За да проверите дали е сварено слаткото со лажица одвојте во сад да излади малку, ако е премногу течно оставете го уште некоја минута да се вари. Покријте го тенџерето со крпа и оставете да се излади убаво неколку саати.
Оладеното слатко префрлете го во стерилни тегли.
Измиени тегли ставите во рерна 20 минути на температура од 100 степени.
Уживајте во вкусот на ова слатко со потпечено лепче и меко брие сирење или свежа бурата!