0 0
Сладолед во Блендер! Вкус на Ф’стак – Рецепт!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Сладолед во Блендер! Вкус на Ф’стак – Рецепт!

  • Medium

Directions

Share

Дали знаевте дека може да подготвите сладолед во блендер за 2 минути?

Притоа да има кремава и мека текстура и да можете веднаш после вадење од замрзнувач да го консумирате без да чекате да се одмрзнува?

Овој рецепт за сладолед има богат вкус, а бидејќи дома ќе го подготвите, ќе биде и поздрава варијанта без дополнителни вештачки бои со што ќе избегнете и многу други штетни додатоци.

Во продолжение следи вкусен рецепт за кој со сигурност ве уверувам дека сите ваши гости кои ќе го пробаат ќе ви го побараат.

Многу често при подготовка на сладоледот се случува кристализација, односно се јавуваат кристали на мраз кои го менуваат вкусот, тешко се одмрзнува, има многу тврда структура, треба да чекате подолго време за може да се извади топка или е невозможно да се формира убава и мека топка сладолед.

Ако ова ви се случило со некои рецепти, ви ветувам дека овој проблем нема да го имате со овој рецепт, затоа во продолжение следете ги деталите како на лесен начин без апарат за сладолед да подготвите навистина вкусен домашен сладолед.

Рецептот е без јајца, само со неколку состојки, а крајниот резултат е вистинско задоволство и разладување во овие топли летни денови.

Потребни состојки

3 шољи хопла

1 1/2 шоља кондензирано млеко

1/2 шоља полномасно млеко

1/2 шоља крем или путер од ф’стак (или лешник, бадем, орев по ваш избор)

3 лажици шеќер во зрно

2 лажици ванила екстракт

Напомена – Сите состојки најдобро е да бидат оладени во фрижидер пред да го подготвите сладоледот.

Во блендер се става хоплата и се мати 10 до 15 секунди додека да стане густа. Оваа постапка е многу важна за да добие волумен сладоледот.

Потоа се додаваат останатите состојки и се блендира уште 15тина секунди и смесата е спремна за замрзнување. Ова е најлесниот проверен рецепт што ми дава прекрасен сладолед баш по мој вкус, секогаш.

Оваа смеса префрлете ја во поширок сад за побрзо да се олади сладоледот, притоа додадете од кремот од ф’стаци на површината и со шпатула на три наврати направете три движења како да сакате да земете од дното на смесата. На овој начин ќе добиете шари од кремот во длабочина кои ќе бидат видливи кога ќе ја формирате топката сладолед. За побогат вкус и изглед по површината поросете сецкани ф’стаци (тостирани).

Уште еден важен детал – пред да го замрзнете сладоледот покријте го со пластична фолија по целата површина убаво, за да нема воздух и за да нема создавање мраз, а во исто време сладоледот ќе остане мек.

Оставете го сладоледот во замрзнувач најмалку 6 часа или најдобро преку ноќ.

Ви препорачувам пред да ја започнете подготовката ако користите домашно кондензирано млеко, да го подготвите еден ден претходно и да го чувате во фрижидер за убаво да олади и згусне. Ова млеко може да стои подолго време во фрижидер и да го користите по потреба. Домашното кондензирано млеко може да ви заштеди пари а ако не сте го подготвувале ви препорачувам да го спремате дома, бидејќи тоа е испарено млеко кое се добива со вриење на млеко со додаден шеќер. Рецептот за кондензирано млеко следете го на линкот подолу. Ако ви се брза да го подготвите рецептот тогаш побарајте го во маркетите и оладете го пред употреба.

Овој сладолед е одличен со било кој путер или крем кој може само да му го збогати дополнително вкусот.

И за крај, дали сакате да го направите овој сладолед Магичен десерт ?

Тогаш ви препорачувам едно “Affogato” или кафе-сладолед десерт.

Во превод значи потонат сладолед во еспресо кафе, на тоа може да додадете и малку прелив од ф’стак и неколку парчиња крцкави ф’стаци и да имате совршен спој на вкусови кога ви требаат екстра шеќери.

Имајте добар апетит и подгответе ги вкусовите кои вам ви одговараат!

Кондензирано Млеко од 2 Состојки! Подгответе Дома!

 

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Walnut Cake with Coffee Frosting! Sponge dough!
next
Pistachio Ice Cream in Blender! Homemade Recipe in 2 minutes!
previous
Walnut Cake with Coffee Frosting! Sponge dough!
next
Pistachio Ice Cream in Blender! Homemade Recipe in 2 minutes!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here