Directions
Сладкиот Компир е хранлив корен со сладок вкус, кој изобилува со бета каротен, содржи добра количина на витамин А, Витамин Ц, манган, калиум, богат е со минерали, јаглехидрати, содржи многу малку протеини, но изобилува со влакна и затоа е одличен да го вклучите во здравиот начин на исхрана.
Сладкиот компир го има во повеќе големини и бои, вклучувајќи ја портокаловата и виолетовата.
- Калории: 86
- Вода: 77%
- Протеин: 1.6 grams
- Јаглехидрати: 20.1 grams
- Шеќери: 4.2 grams
- Влакна: 3 grams
- Масти: 0.1 grams
Една од придобивките на сладкиот компир е што го регулира шеќерот во крвта. Присуството на калиумот е важно за регулирање на крвниот притисок, што помага во намалување на ризокот од срцеви заболувања. Сладкиот компир е богат со бета каротен, што телото може да го претвори во витамин А или само 100 грама дневно од сладок компир обезбедува дневна препорачана доза од овој витамин. Други витамини во составот се витамин Б6, Б5, витамин Е.
Во коминација со друго овошје и зеленчук може да подготвите многу здрави варијанти на салати и да имате заситувачки оброци, а во исто време да се чувствувате лесно и да го забрзате метаболизмот.
Како да го подготвите сладкиот компир и да ги задржите неговите хранливи вредности, еден од моите омилени начини на подготовка е ситно исецкан со само еден зачин и вака подготвен најчесто го додавам во салати за вечера.
Состојки
2 сладки компири
2 лажици ким во зрно
2-3 лажички маслиново масло
сол по вкус
Излупете го копирот и исецкајте го на коцки. Додадете го во тава за печење. Ако го иситнете на помали парчиња побрзо ќе го испечете. Додадете маслиново масло и измешајте за да се покријат парчињата убаво со масло. Поросете со ким и сол, измешајте и ставете ги во загреана рерна на 180 степени.
Потребно време за печење е околу 20 минути, зависно од големината на парчињата. Може да ги проверете, ако се меки парченцата се готови.
Може да уживате во печениот вкус и мирис на ким, или ви предлагам вака испечени да ги додадете во салата.
Подолу следете еден предлог за брза зелена салата со киви, јаболко и сирење.
Рецептот следете го подолу на линкот.
Имајте добар апетит!