Directions
Sacher Torte e класична чоколадна торта со џем од кајсија во средина, прелиена со богат ганаж од црна чоколада однадвор. Хармонијата од едноставни состојки како јајца, путер, чоколада и џем од кајсија, ја прават оваа торта извонредна.
Оваа позната Австриска торта е задолжително нешто што треба да го вкусите ако поминувате во Виена.
Едно парче изобилува со длабок чоколаден вкус и секогаш се сервира со незасладена слатка павлака.
Овој рецепт се подготвува брзо и едноставно, со мешање на сите состојки во три чекори, за целата подготовка ви се доволни десет минути. Најдобро е да го печете во прстен без дно за полесно вадење или да ја обложите тавата со хартија за печење.
Ако сте љубители на чоколадни торти, овој рецепт со сигурност ќе ви се допадне.
Видео подготовката од овој рецепт е споделен и може да ме заследите на двата профили на Olgica Naceva Kitchen на Instagram и Facebook под истото име.
Состојки и Подготовка
65 грама путер
30 грама шеќер во прав
60 грама црна чоколада
60 грама жолчки (3-4 јајца)
95 грама белки
60 грама шеќер во зрно
50 грама брашно за колачи
12 грама какао во прав
Растопете ја чоколадата во сад на пареа. Во друг сад одделете ги жолчките и во нив додадете го путерот на собна температура, шеќерот во прав и растопената чоколада. Со миксер изматете ги сите состојки додека да добиете убава мазна и кремава смеса, 3-4 минути се доволни. Во посебен сад изматете ги белките кратко и во нив додадете го шеќерот во зрно. Додавајте го во 3 наврати и матете додека целосно се растопи шеќерот и додека да добиете тврди врвови. Додадете ги белките во садот со претходно изматените состојки, и додадете го какаото и брашното. Со жица измешајте ги сите состојки да се изедначат убаво и смесата префрлете ја во прстен 18 см обложен со хартија за печење. Распоредете рамномерно по површината и печете на 160 степени 45 минути.
Тестото откако ќе олади пресечете го на две еднакви теста со дебелина од 2,5 см.
Сируп за тесто
30 грама џем од кајсија
10 грама вода
5 грама темен рум (опционално)
Џемот и водата затоплете ги на оган да зовријат и веднаш тргнете ги. Додадете го румот и оставете го сирупот да олади.
Првата кора премачкајте ја со сирупот, па нанесете слој од џем од кајсија. Покријте со второто тесто, премачкајте со сируп и покријте со џем од кајсија по целата површина и странично. Оставете ја тортата во фрижидер 15 минути пред да ја прелиете со чоколадниот ганаж.
Чоколаден ганаж
90 грама црна чоколада
90 грама хопла
10 грама путер
50 мл млеко
Растопете ги сите состојки на пареа, измешајте да се изедначат и со преливот прелијте ја тортата. Преливот е малку погуст и најдобро е да го распоредете рамномерно со шпатула по површината и странично. Чувајте ја тортата во фрижидер пред дегустација. Исечете ја на 8 еднакви парчиња и украсете по желба.
Имајте добар апетит!