Directions
Вкусен ролат со кршени бисквити од моето детство од неколку состојки, со арома на рум и потребно време за подготовка од 10 минути.
Во фрижидер може да го чувате повеќе денови и да уживате во едноставниот и богат вкус во исто време. Не содржи шеќер, а како засладувач се користи мед.
Состојки :
200 грама бисквити по избор
100 мл млеко
1оо грама путер (на собна температура)
50 грама црна чоколада
3 лажици какао во прав
2 лажици мед
3 лажици темен рум (или екстракт од рум)
цвекло во прав за валкање (или какао во прав)
Подготовка
Искршете ги бисквитите на покрупни парчиња. Во сад додадете го путерот, чоколадата, какаото во прав и млекото. Садот ставете го врз тенџере со зовриена вода и мешајте додека се соединат сите состојки. Исцедете низ цедалка и прелијте ги искршените бисквити. Измешајте со лажица да се соединат и префрлете ја смесата на фолија. Со помош на фолијата обликувајте во форма на салама. Ставете во фрижидер најмалку еден час да се олади.
Пред сервирање извалкајте во цвекло во прав или какао во прав. Чувате во фолија во фрижидер повеќе денови.