Directions

Оваа нискокалорична салата освежува и е богата со протеини благодарение на киноата и урдата. Брзо и лесно се подготвува, одлична е за вечера, како лесен оброк во текот на денот или како предјадење.
Мој предлог е да ја комбинирате со микс од спанаќ и рукола, но можете да користите зелена салата по избор.
Време за подготовка: 10 минути
Порции: 1-2
Состојки:
- 100 г варена киноа
- 100 г салата микс (рукола и спанаќ)
- 100 г урда (или фета/меко сирење)
- 1 домат, сецкан и исчистен од семки
- 50 г непечени кикиритки
- 5-6 маслинки
- 1 лажица микс семиња по избор (тиква, сончоглед, афион, чиа)
- 2 лажици маслиново масло
- 4-5 каперси
1 варено јајце (опционално)- Сол и црн бибер по вкус
- По желба: малку сок од лимон
Подготовка:
- Исцедете ја и измијте зелената салата. Додајте ја во сад за сервирање.
- Во посебен сад, измешајте ја оладената варена киноа со сецканиот домат, кикиритките и урдата.
- Врз зелената салата распоредете ја смесата со киноа.
- Додајте маслинки и каперси, прелијте со маслиново масло и поросете со микс семиња.
- Ако користите, исечете варено јајце на коцки и додајте го на салатата.
- По желба, додајте малку лимонов сок и црн бибер за свежина и длабочина на вкусот.
- Измешајте лесно и уживајте







