• Home
  • Вечера
  • Пролетна Здрава Салата со Кускус! Подгответе ја за 10 минути!
0 0
Пролетна Здрава Салата со Кускус! Подгответе ја за 10 минути!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Пролетна Здрава Салата со Кускус! Подгответе ја за 10 минути!

  • Medium

Directions

Share

Пролетна здрава салата која може да ја подготвите за десет минути, има освежувачки и малку киселкаст вкус, одлична е како прилог кон други главни јадења и слично.

На комбинацијата, домати, краставица и младо кромитче, нане и магдонос, најчесто додавам свеж лимонов сок и зачин сумак кои и даваат специфичен киселкаст-овошен вкус на оваа салата.

Сумакот има длабока црвена нијанса кој има многу благотворни дејствија, а особено е добар за холестеролот и шеќерот во крвта. Сумак зачинот се добива од сушени бобинки од видот rhus coriaria и е често употребуван зачин во медитеранската кујна и кујната на блискиот исток. Извор е на моќни антиоксиданси, помага при остеопороза, и за намалување на болки во мускулите.

Потребни состојки

2 домати

1 краставица

2 млади кромитчиња

1 китка свеж магдонос

1 китка свежо нане

150 грама кукус (подготвен)

2 л сумак

1 лимон

2 л маслиново масло

Кускусот од целата пченица е направен од интегрално тврдо брашно и е богат со микронутриенти, хранливи влакна и протеини. Се подготвува за неколку минути во сооднос еден спрема еден. Во сад на оган се додава 15о мл вода со малку сол и една лажичка маслиново масло да зоврие. Кога ќе зоврие се додава 150 грама кускус и се трга од оган. Се покрива и се остава на страна додека го подготвите зелечукот.

Зеленчукот ситно се сецка и во нив се додава оладениот кускус. Се додава една до две лажички кус кус по вкус и сок од еден свежо цеден лимон. Се мешаат сите состојки и се сервира.

Поросете со малку сумак за декорација и уживајте во освежувачкиот вкус на оваа вкусна и здрава пролетна салата!

Имајте добар апетит!

 

 

 

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Sweet Potato! A Whole Skin Baked!
next
Summer Salad ready in 10 minutes! Tabule salad on my way!
previous
Sweet Potato! A Whole Skin Baked!
next
Summer Salad ready in 10 minutes! Tabule salad on my way!

Add Your Comment