Directions

Крцкава и сочна, пилешка плескавица подготвена од мелени пилешки гради во бургер лепчиња со зелена салата, дефинитивно е посвежа и повкусна од онаа во сендвичара.
За севкупен вкус на овој брок, ви предлагам да подготвите меки бургер лепчиња по рецепт од страната во продолжение на овој пост.
Состојки
500 грама мелени пилешки гради
1 жолчка
40 мл. млеко
25 грама лебни трошки
1л. сол
1/2л. лук во прав
1/2 л. кромид во прав
1/2 л. ѓумбир во прав
1/3 л. мускатно оревче
1/2 л. чили снегулки
1/2 л. сушен целер
200 грама презла (за валкање)
3 матени јајца (за валкање)
4 хамбургер лепчиња
сос од мајонез (рецепт во продолжение)
4 листови марула
масло за готвење
Подготовка
Додадете го месото и зачините во сад, измешајте со раце да се соединат во убава и мека смеса и поделете на 4 дела, обликувајте топка и притиснете за форма на плескавица.
Извалкајте ја плескавицата во изматените јајца, па во презла.
Во загреано масло пржете ги плескавиците на средна умерена температура по три минути, секоја страна, само со едно вртење. Подготвените плескавици ставете ги на хартија за да се исцеди вишокот масло, премачкајте ги бургер лепчиња со путер и потпечете ги во тава. Подгответе вкусен сос.
Сос од мајонез
1 јајце
1 лукче (сецкано)
1,1/5 лажица сенф
1,1/5 лажиче бел оцет
1 шоља масло
сол по вкус
1/2 лажиче буковец
Изблендирајте ги сите состојки со пасатор до убава густина.
Средината на лепчето премачкајте ја со лажица од сосот, додадете лист марула и покријте со пилешката плескавица.
Добар апетит!
Подготовката на лепчињата може да ја следите во видеото :
https://www.instagram.com/reel/Clerm_KM0E8/?utm_source=ig_web_copy_link&igshid=MzRlODBiNWFlZA==







