Directions
Богато со хранливи материи како калциум и магнезиум, ова песто е подеднакво здраво и вкусно. Има кремаста текстура, а може да го подготвите за само неколку минути.Совршено песто за многу брзи, но гурмански оброци.
Без разлика дали ќе го намачкате на лепче, измешате со тестенини или послужите како дип, ова песто внесува свежина на секоја трпеза.
Топло ви препорачувам да го подготвите и да уживате во неговиот вкус со крцкав чипс од тортиљи.
Овој вкусен, здрав и брз сос, помага во детоксикација, контрола на телесната тежина.
____________________________________________________________________
🕐 Време на подготовка: 5 минути
🍽️ Количина: За 2-3 порции
____________________________________________________________________
📝 Потребни состојки
- 1 полна шоља свежа рукола (околу 30-40 гр)
- ½ шоља ореви (може и лесно потпечени за посилен вкус)
- ½ шоља грчки јогурт или кисело млеко (околу 120 мл – за кремавост)
- ¼ шоља рендан пармезан (околу 25-30 гр)
- 2–3 лажици маслиново масло
- сол и свежо мелен црн бибер (по вкус)
Начин на подготовка
Во блендер, или сецко (процесор), додајте ги руколата, оревите, пармезанот на помали парчиња и јогуртот. Сол и црн бибер додадете по вкус. Започнете со блендирање, постепено додавајќи го маслиновото масло додека смесата не стане кремаста и мазна. Доколку е потребно, додадете 1-2 лажици вода за подобра текстура. На крајот, пробајте го вкусот и прилагодете сол/бибер по вкус.
____________________________________________________________________
🍽️ Сервирање
Сервирајте го пестото со крцкав чипс од печени тортиљи, кои може да ги подготвите дома за неколку минути. Следете го рецептот во продолжение.








