0 0
Печен Сладок Компир во лушпа!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Печен Сладок Компир во лушпа!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Печен сладок компир во лушпа кој ги задржува сите хранливи состојки со печењето е вкусен деликатес кој се подготвува многу лесно без многу труд, а крајниот резултат е здрав и заситувачки оброк.

    Меката внатрешност со путереста текстура може да ја дегустурате со лажица бидејќи кога ќе се испече доволно буквално се топи одвнатре.

    Со додавање малку путер добива подлабок и побогат вкус,а мајчината душица надополнети с малку црн бибер и сол ги заокружуваат вкусовите.

    За подготовка на 2 порции

    2 сладки компири

    путер ( 2 мали коцки)

    бибер по вкус

    сол прстофат

    мајчина душичка

    Измијте ги компирите под млаз вода и избишете ги со крпа или кујнска хартија да бидат суви. Со вилушка избоцкајте ги на неколку места по површината. Оваа постапка е важна за да не ви се распукаат и експлодираат компирите во рерна додека ги печете. Премачкајте ги по целата површина со малку масло и поставете ги врз решетка да ги печете. На решетката ставете хартија за печење па врз неа ставете ги компирите. При печење компирите ќе испуштаат сокови и за да немате дополнително чистење со кујнската хартија ќе заштедите време и дополнителна работа.

    Печете ги на 180 степени од 50 минути до 1 час.

    Сервирајте ги на чинија.

    Направете засек на средината и додека се топли додадете по една мала коцка путер, поростете со малку црн бибер и сол и декорирајте со свежа мајчина душичка.

    Путерот ќе се растопи од топлината а со тоа ќе се додаде и вкус на внатрешноста.

    Во продолжение може да прочитате за дел од здравите придобивки од сладкиот компир.

    Сладкиот Компир е хранлив корен со сладок вкус, кој изобилува со бета каротен, содржи добра количина на витамин А, Витамин Ц, манган, калиум, богат е со минерали, јаглехидрати, содржи многу малку протеини, но изобилува со влакна и затоа е одличен да го вклучите во здравиот начин на исхрана.

    Сладкиот компир го има во повеќе големини и бои, вклучувајќи ја портокаловата и виолетовата.

    Калории: 86

    Вода: 77%

    Протеин: 1.6 grams

    Јаглехидрати: 20.1 grams

    Шеќери: 4.2 grams

    Влакна: 3 grams

    Масти: 0.1 grams

    Една од придобивките на сладкиот компир е што го регулира шеќерот во крвта. Присуството на калиумот е важно за регулирање на крвниот притисок, што помага во намалување на ризокот од срцеви заболувања. Сладкиот компир е богат со бета каротен, што телото може да го претвори во витамин А или само 100 грама дневно од сладок компир обезбедува дневна препорачана доза од овој витамин. Други витамини во составот се витамин Б6, Б5, витамин Е. Во коминација со друго овошје и зеленчук може да подготвите многу здрави варијанти на салати и да имате заситувачки оброци, а во исто време да се чувствувате лесно и да го забрзате метаболизмот.

    Имајте добар апетит!

     

     

     

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Homemade Mayonnaise!
    next
    Sweet Potato! A Whole Skin Baked!
    previous
    Homemade Mayonnaise!
    next
    Sweet Potato! A Whole Skin Baked!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here