Directions
Здрав начин да го започнете утрото и да го збогатите организмот со кислород и убава енергија.
Спанаќот богат со хлорофил во комбинација со овес како солени палачинки може да биде вкусен појадок кој може да го носите на работа или училиште, или да појадувате во топла домашна атмосфера.
Состојки
1/3 шоља овес (мелен)
1 јајце
3 лажици павлака или крем сирење
50 грама свеж спанаќ (една полна рака)
Подготовка
Измелете ги овесните снегулки за помазна смеса на палачинките и во нив додадете ги останатите состојки, блендирајте до компактна смеса.
Премачкајте ја тавата со малку маслиново масло и печете ги на умерена температура.
Додадете по две лажици за секоја палачинка во форма на круг и печете ги додека да заруменат и свртетет ги од другата страна и печете ги пократко.
Сервирајте по две палачинки и врз нив додадете топка павлака и свеж лист спанаќ.
Имајте добар апетит!