Directions

Ако немате многу искуство во кујната, но сакате да подготвите вкусен десерт и појадок во исто време, за само неколку минути, тогаш ви ги препорачувам овие палачинки без глутен од само 3 состојки.
Лесни, брзи кои можат да останат свежи во фрижидер до неколку дена, а да го задржат вкусот и структурата.
Состојки65 грама овесни снегулки( 1 шоља)
1 банана
1 јајце
ванила екстракт
1 лажица маслиново масло (за печење)
тостирани јатки за поросување (фстаци)
100 грама протеински какао крем
Подготовка
Додадете ги сите состојки во блендер и блендирајте две минути, додека да добиете мазна структурата.

Доколку претпочитате рустикален изглед, блендирајте помалку или само неколку кругови.
Подгответе тава и додадете една лажица масло маслиново масло.
Печете на средна-умерена температура за да не ви загорат и да имаат убава структура во внатрешноста.
Додадете една црпалка во тавата и печете по две минути од секоја страна.
Внимавајте да не додавате премногу смеса и да бидат преголеми и кршливи.

Сервирајте ги на чинија и додадете во средина протеински какао крем.
Поросете со потпечени јатки (ф’стаци).







