• Home
  • Торти
  • НАЈВКУСНО ТИРАМИСУ – КРЕМАСТО, се топи во уста – РЕЦЕПТ!
0 0
НАЈВКУСНО ТИРАМИСУ – КРЕМАСТО, се топи во уста – РЕЦЕПТ!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

НАЈВКУСНО ТИРАМИСУ – КРЕМАСТО, се топи во уста – РЕЦЕПТ!

Класика Десерт со Мазен и Вкусен фил

  • 30 минути
  • Medium

Ingredients

Directions

Share

За сите љубители на класични десерти со вкус на кафе и какао, ова е навистина вкусен рецепт со мек и кремав фил кој би бил совршен со домашно приготвени италијански биксквити познати како Lady Fingers.

Рецептот за овие бисквити е споделен и достапен на страната. За да ги направите ви се потребни само 15 минути, но верувајте тие комплетно ќе го збогатат  вкусот на десертот, бидејќи буквално се топат во еспресото, а со тоа се основа за неверојатниот вкус на тирамисуто.

Ви препорачувам домашно приготвени бисквити за да го уживате целиот и вистински вкус на овој рецепт на тирамису.

Додека мазниот и кремав фил е комбинација од хопла и маскарпоне со микс од јајца со сируп, кои дополнително ќе му дадат конзистентност и маза структура на овој класика десерт.

Потребно време за подготовка е 30 минути, и најдобро е да стои во фрижидер неколку часа пред дегустација.

Сите детали следете ги подолу во рецептот.

Напомена – Може да користите и крем сирење како замена ако немате маскарпоне, но една од причините зошто се прави овој вкусен десерт со маскарпоне е заради големата масленост од 50% , а тоа дава побогат вкус на самиот фил.

Состојки

100 мл хопла

200 мл Маскарпоне

2 жолчки

55 гр шеќер во зрно

60 мл еспресо

5 мл ликер од рум или ванила (или рум/ванила екстракт)

16 Фингери Бисквити

какао во прав (за поросување)

 

Сируп за макање бисквит

60 мл еспресо (варено)

15 гр шеќер во зрно

60 мл топла вода

Путерест сируп од жолчки

2 жолчки

40 грама шеќер во зрно

30 мл вода

Подготовка

Започнете со подготовка на сирупот од кафе за макање на бисвитите. Во сад додадете 15 грама шечер во зрно, варено еспресо 60 мл и 60 мл вода. Изешајте и оставете ги да зовријат за побрзо да се растопи шеќерот. Доколку немате еспресо може да додадете 5 грама инстант кафе во топлата вода. Ова ќе им даде автентичен вкус и арома на бисквитите. Сирупот за макање оставете го целосно да излади а во меѓувреме подгответе го филот.

Изматете ја хоплата тврдо. Најдобро е да користите хопла од фрижидер.

Потоа започнете со подготовка на путерестиот сируп од жолчки. Две жолчки матете ги околу 2 минути, или додека да добијат убав волумен и светло жолта боја. Потоа во ѓезве додадете 40 грама шеќер во зрно и 30 мл вода. Ставете ги на оган да зовријат. Откако ќе зовријат ќе се појават меури страчично, па оставете го да се вари околу 30 секунди до 1 минута. Температурата ќе достигне до 120 степени на овој начин, односно ќе добие убава густина која ќе му даде убава густина и мазна структура на филот подоцна. Тргнете го од оган сирупот, една минута е доволно да се намали температурата. После една минута додадете го една лажичка во во изматените жолчки. Остатокот од сирупот додавајте го постепено. Со матење ќе добиете убав волумен на жолчките.

Потоа овој путер од жолчки додадете го во изматената хопла. Додаете го и маскарпонето и изматете убаво со миксер, да се изедначат сите состојки. И сме спремни за најубавиот дел.

Кога го подготвувате овој тирамису десерт ви препорачувам секогаш да правите дупла доза бидејќи една доза е малку, верувајте ми на зборот 🙂

За сервирање може да користите стаклен сад за убаво да се гледаат слоевите на крајот.

Започнете со макање на бисквитите во сирупот од кафе и наредете ги како слој на дното. Потоа распоредете половина од филот врв бисквитот. За филот може да користите пластична кеса или едноставно со шпатула убаво и рамномерно распоредете. Овој десерт може да го подготвите во еден слој, но јас преферирам кога е во два слоја. Вака подготвените слоеви покријте ги со пластична фолија, или капак од садот и оставете ги во ладилник неколку часа пред дегустација.

Пред да го послужите десертот нанесете какао во прав и дегустирајте.

Неверојатен класика десерт, лесен вкус со одлична арома и комбинација на вкусови.

Имајте добар апетит!

Италијански Бисквит за Тирамису! Savoiardi – Ladyfingers – Рецепт!

Steps

1
Done

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Creamy and Smooth TIRAMISU- RECIPE! Classic Heavenly Delicious Dessert !
next
МАРЦИПАН Бомбици во Какао Прав! Без Шеќер!
previous
Creamy and Smooth TIRAMISU- RECIPE! Classic Heavenly Delicious Dessert !
next
МАРЦИПАН Бомбици во Какао Прав! Без Шеќер!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here