• Home
  • Вечера
  • Летна Егзотична “Бурата” Салата! Се подготвува за 5 минути!
0 0
Летна Егзотична “Бурата” Салата! Се подготвува за 5 минути!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Летна Егзотична “Бурата” Салата! Се подготвува за 5 минути!

  • Medium

Directions

Share

Летна Езготична салата која изобилува со бои и вкусови кои неверојатно се вклопуваат и надополнуваат.

Шаренило од бои и вкусови кое може да го подготвите за 5 минути, или да им оставите прилика да ја подготват вашите гости и заедно да уживате од подготовка до дегустација.

Оваа бурата салата е инспирирана од мојата последна посета на Абу Даби, започнувајќи од начинот на сервирање кој ме воодушеви, па се до комбинацијата на овошјето со зелени салати, вкусовите и шареноликоста, повеќе причини за да биде на врвот на најпродавани во ресторанот во кој ја пробав. 

Со задоволство ја споделувам во сезона на свежа малина и шери домати.

По избор може да користите микс од зелени салати а колку повеќе боја имате толку подобро.

Бурата сирењето кое се состои од моцарела сирење надворешно и е наполнето со страчатела одвнатре, одлично ја збогатува оваа салата, додека тостираните лепчиња во тава со масло ја прават вистинско крцкаво задоволство.

Италијанската бурата е најпозната, но само како информација е дека буратата е и македонски бренд, која се подготвува и кај нас, а многумина ќе кажат дека дури е и повкусна од италијанската.

Но за вкусови не се дискутира понекогаш, и затоа оставам на вас да одберете која вас ви одговара повеќе.

Ова сирење може да го најдете во повеќе маркети и месари како мала и голема бурата.

Содржи многу протеини и освен што е здрава и пресна, е одлична во комбинација и со многу јадења.

 

Состојки за 2 лица

250 грама микс од шарена зелена салата

80 грама шери домати (половинки)

50 грама свежи малини

1/2 Манго (тенки парчиња)

1 Бурата

4 парчиња тостиран леб

 

За дресинг (прелив)

2 л. балсамиков оцет

2 л. маслиново масло

2л. лимонов сок

4 малини

 

Зелената салата и малините измијте ги под млаз ладна вода, користете свежи малини. Шери доматите исецкајте ги на половинки и мангото на текни парчиња по должина.

Подгответе поголема чинија за сервирање. Најпрвин распоредете ја зелената салата на дното и врз неа по избор распоредете го исецканото овошје.

На крајот, во средина додадете ја буратата. Таа се чува во течност и пред да ја додадете исцедете ја од течноста во која се чува.

Подгответе го преливот и посипете. Малините може да ги испасирате со вилушка и во нив да ги додадате другите состојки. Измешајте и рамномерно прелијте од преливот.

Тостираните лепчиња се подготвуваат лесно и брзо. Најдобро е да користите багет и да го исецкате на тенки парчиња.

Секое парче од двете страни додадете му маслиново масло, малку сол и бибер и потпечете ги кратко во тава додека да добијат златно-кафеава боја и да станат крцкави.

Засечете ја буратата на средина со нож или едноставно отворете ја со раце.

Може да макате со лепчето од неа, или да нанесете на крцкавото лепче од буратата и да уживате во вкусовите како милувате.

Имајте добар апетит! На здравје!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Бурата со маслинки и шери домати!
next
Exotic “Burrata” Salad! Summer, colorful salad, ready in 5 minutes!
previous
Бурата со маслинки и шери домати!
next
Exotic “Burrata” Salad! Summer, colorful salad, ready in 5 minutes!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here