0 0
Ладна “Маракеш” Салата!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Ладна “Маракеш” Салата!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Маракеш ладна салата е летна протеинска салата, збогатена со јаглени хидрати и зелена салата која може да биде вистински хранлив оброк или одлична вечера.

    Основа на оваа салата е микс од рукола и спанаќ, но може да ја збогатите и со микс од зелена салата за повеќе бои и вкусови, или да додадете валеријана.

    По избор може да користите фета сирење или урда.

    Несолената урда е богата со протеин, заситува, а во исто време има и помалку калории од сирењето, но ако милувате сирење тогаш може да користите сецкано сирење во коцки по избор.

    Овие вкусови се надополнети со печен сладок компир, варен и претходно подготвен кус-кус и шери домати. Преливот за оваа салата е лесен и одличен за овие вкусови.

    Потребни состојки за две лица

    • 2 шољи зелена салата (рукола и спанаќ)
    • 1 сладок компир (печен на коцки)
    • 1/2 шоља урда
    • 8 шери домати (половинки)
    • 1/2 шоља кус-кус (варен)

    За дресинг

    • 3 л лимонов сок
    • 1 л маслиново масло
    • 1л мед

    Започнете со подготовка на слаткиот компир, исецкајте го на коцки, прелијте го со маслиново масло, поросете со ким во зрно и оставете да се пече на 180 степени 20 до 30 минути.

    Повеќе детали како да подготвите вкусен сладок компир во рерна може да погледнете во линкот подолу.

     

    Додека се пече компирот, подгответе го кус-кусот. Во тенџере на оган ставете 1 шоља вода, 1 лажичка маслиново масло и прстофат сол и оставете да зовие.

    Тргнете ја водата од оган и во неа додадете една шоља кус-кус.

    Покријте со капак и оставете да стои пет до десет минути додека ја подготвите салатата. Вака варениот кус-кус може да го чувате два до три дена во фрижидер и да го користите во оброци по потреба.

    Во чинија за сервирање распоредете ја зелената салата и урдата. Додадете парчиња печен компир, шери домати (половинки) и завршете со кус-кус.

    На крај прелијте со дресинг.

    Оваа салата се служи ладна. Пред да ја сервирате и послужите најдобро е печениот компир и кус-кусот да бидат оладени.

    Во сезона на калинка ви предлагам шери доматите да ги замените со зрна калинка и да ја збогатите со витамин ц, а врз неа како дресинг да додадете само свеж лимонов сок.

    И двете варијанти имаат одличен вкус, притоа и шери доматите и калинките и даваат освежителен вкус, но како и да ја подготвите, комбинацијата на состојки ја прават оваа салата да има навистина впечатлив вкус.

    Имајте добар апетит!

    Сладок Компир печен во рерна! Лесна подготовка!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Chanterelle, Mushrooms from Nature! How to prepare and store! 2 recipes!
    next
    Cold “Marakesh” Salad!
    previous
    Chanterelle, Mushrooms from Nature! How to prepare and store! 2 recipes!
    next
    Cold “Marakesh” Salad!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here