0 0
Чиабата Сендвич со мoртадела и кајмак!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Чиабата Сендвич со мoртадела и кајмак!

  • Medium

Directions

Share

Ладен сендвич од чиабата лепчиња кој брзо се подготвува од готови намирници и е одличен за појадок, пикник или ако сте на пат да ви се најде.

Рецептот за овие воздушести лепчиња кои се меки одвнатре и со тенка кора во исто време веќе е споделен на страната, а линкот може да го следите на крајот на овој пост. Чиабатата е подготвена со метод на пред-ферментација и само со 1 грам квасец, лесни се за варење и многу вкусни.

Потребни состојки за овој крцкав ладен сендвич се само четири состојки како мoртадела, кајмак, ајвар и зелана салата (рукола).

Во продолжение следете ја количината, а подготовката може да ја погледнете во видео на Instagram и Facebook, како и да рецептите за вкусен босански ќебап кој одлично оди со овие чиабата лепчиња.

Состојки

1 чиабата лепче

1 лажица кајмак

1 лажица ајвар

4 парчиња мoртадела

рукола салата

Пресечете го лепчето на половина и премачкајте го со кајмак, па со ајвар. Врз нив додадете ги тенко исецканите парчиња мартадела и една полна рака зелената салата-рукола.

Затворете го сендвичот и уживајте во дегустацијата.

Ако сте на пат или пикник ви препорачувам да ги завиткајте во пластична фолија за да останат меки.

Ако не сте љубители на мoртадела, може да ја замените со парчиња тенко сецкан пршут по желба.

Вкусни, здрави и лесни за подготовка!

Имајте добар апетит!

 

Босански Ќебап! Мој омилен Рецепт !

Чиабата со 1 грам квасец! Метод со пред-Ферментација!

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Bosnian Kebab! My favorite Recipe!
next
Cold Sandwich with Mortadella and Ajvar! Ciabatta Sandwich !
previous
Bosnian Kebab! My favorite Recipe!
next
Cold Sandwich with Mortadella and Ajvar! Ciabatta Sandwich !

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here