Directions
Десертно овошје чиј вкус дополнително се развива до извонредност со свежо сирење, бурата. Изненадувачки спој на вкусови кои се надополнуваат, и десерт кој ќе им даде впечаток на гостите дека сте вистински професионалец во кујнатa.
Овој ни малку комплициран десерт се служи ладен и освен што е вкусен е и здрав во исто време.
Од сортна круша ви препорачувам да користите тврда круша (санта марија), бидејќи е помалку сочна и нема да пушти многу сокови и да ја изгуби формата при печење.
Состојки за 2 десерти
2 круши (санта марија)
1 мала свежа бурата
30 грама путер(коцки)
2 лажици шеќер во зрно за поросување (или кафеав шеќер!
2 лажици мед
сецкани ореви за декорација
сецкана сува брусница за декорација
Секоја круша исечете ја три дела во хоризонтала во дебелина на 2 цм, или четири делови ако е поголема. Исецканите парчиња наредете ги врз кујнска хартија во тава, врз секое парче круша ставете коцка путер и поросете со шеќерот. Печете на 180 степени 25 минти, проверете ги во текот на печењето дали се меки внатре и внимавајте да не ги препечете.

По печењето оладете ги целосно.
Во десертна чинија ставете едно парче(дно) и врз него ставете дел од свежата бурата. Нанесете ги и другите две парчиња на исти начин. Користете мала количина од буратата и помалку од течната страчатела за да не ви се растекува многу.
Врз секоја круша додадете една лажичка мед, поросете со сецкани ореви и сецкана сува брусница.
Декорирајте со ливчиња нане и уживајте во вкусниот десерт.
Имајте добар апетит!