• Home
  • Вечера
  • Крцкави Пилешки гради во кисело-благ сос !
0 0
Крцкави Пилешки гради во кисело-благ сос !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Крцкави Пилешки гради во кисело-благ сос !

  • Medium

Directions

Share

Пилешки гради со богата арома и вкус на портокал, порција со цитрусен кисело-благ вкус исполнета со крцкавост во секое парче.

Подготовката на овој протеински оброк идеален за вечера или ручек нема да ви одземе повеќе од 15 тина минути.

Месото исецкајте го на помали парчиња по должина и маринирајте го кратко, а потоа подгответе сос од портокал и тесто за валкање на пилешкото.

За две порции ви се потребни две парчиња пилешки гради и еден портокал. Свежо цедениот сок во комбинација со другите состојки ќе му даде кисело-благ вкус на месото.

Потребните состојки се доволни за 2 порции.

Во прилог со оваа порција може да подготвите и варен басмати ориз или обичен ориз со кратко зрно.

Наполнете од оризот во овален премачкан сад со масло и убаво притиснете. Вака обликуваниот ориз сервирајте го директно на чинија заедно со подготвеното пилешко. Сосот може да го прелиете врз оризот или да го сервирате одвоено, изборот е ваш.

Детално состојките се опишани и додадени по редослед. Припремете ја најпрвин маринадата и ставете го месото да стои додека ги подготвите тестото во кое ќе го валкате пилешкото и сосот.

Маринада на место

  • 1 л. нишесте
  • 1 л. сол
  • 1 л вода
  • 1/2 изматено јајце, (напомена, мерките со во супена лажичка)

Сос од Портокал

  • Свежо цеден сок од 1 Портокал (средна големина)
  • 1 л. алкохолен оцет (бел оцет 9%)
  • 2 л. шеќер (во зрно/кокосов) по ваш Визбор
  • 1/2 л. сол
  • 1 л. нишесте
  • 1 л. оистер сос (напомена – мерките се во супена лажичка)

Тесто за Пилешко (за валкање)

  • 3 л брашно (голема лажица)
  • 1 л сода бикарбона (супена)
  • 1 л густин (супена)
  • 1 л масло (голема лажица)
  • 1/2 матено јајце
  • 6 л вода (голема лажица)

 

Подготовка

Измешајте ги сите состојки за маринада погоре наведени, убаво да се соединат и изедначат, и во нив додадете го сецканото пилешко месо. Оставете го на страна да омекне кратко додека ги приготвите тестото и сосот.

Потоа подгответе го сосот од портокал во посебен сад. Исцедете свеж сок од портокал, во него додадете ги останатите состојки, измешајте да се растопи нишестето убаво и да немате грутчиња, и оставете на страна.

Во посебен сад на крајот подгответе го тестото за валкање на пилешкото. Додадете ги сите состојки и измешајте со вилушка да се соеднинат. Тестото за валкање на пилешкото потсетува на тестото за палчинки, со разлика што е малку погусто.

Подготовката и сецкањето главно ќе ви одземе повеќе време, но на крајот се се подготвува многу брзо откако ќе се припреми.

Во тава додадете доволно масло за готвење или може да користите и фритеза.

Загрејте го маслото убаво и на умерено-силна температура, секое парче пилешко извалкајте го во тестото од двете страни и едно по едно додавајте ги парчињата пилешко во тавата. Не ги додавајте сите наеднаш за да не ви се залепат. Пржете ги од двете страни додека да добијат златно-жолта боја, кога ќе бидат готови од едната страна свртете ги да се испржат од другата страна.

Извадете ги испжените парчиња на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

На крајот подгответе го сосот од портокал.

Во чиста тава додадете една лажица масло и потоа во тавата додадете го миксот од состојки од свежо цедениот сок, кратко мешајте на умерена температура додека да почне да се згуснува.

Во тавата со сосот додадете ги парчињата подготвено пилешкото и измешајте ги во сосот. Поросете со две лажици сусам по избор и тргнете од оган.

Сервирајте во чинија со ориз или само пилешко.

Имајте добар апетит!

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Delicious Tapenade Spread with Sun-dried Tomatoes!
next
Crispy Chicken breasts in sweet-sour sauce! Recipe!
previous
Delicious Tapenade Spread with Sun-dried Tomatoes!
next
Crispy Chicken breasts in sweet-sour sauce! Recipe!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here