Directions
Кондензираното млеко е засладено млеко кое може да го подготвите дома од само 2 состојки без адитиви. Текстурата е свиленката и густа, а благиот вкус и кремавост се одлични за да го користите во вашите омилени десерти.
Во суштина кондензираното млеко се добива со испарување на водата од млекото со вриење на умерена температура.
Подготовката во домашни услови е лесна, може да го чувате во фрижидер подолго време и да го користите кога ќе ви притреба.
Потребни Состојки
500 мл млеко (3,2 Масленост)
200 грама шеќер
Во тенџере на оган додадете ги млекото и шеќерот, со повремено мешање за да се растопи шеќерот а да не ви загори млекото, оставете ги на оган да зовријат. Внимавајте да не ви претече.
Откако ќе зовие намалете го оганот на средна температура, и варете го откриено.
Повремено мешајте додека се вари доволно е на секои пет минути да го промешувате и да ја остраните белата пена од површината на почетокот.
Идеално време за варење е 35 минути. За овој период ќе се згусне делумно, ќе биде многу потечно, но имајте на ум дека крајниот резултат ќе го видите откако ќе олади. Затоа не варете го повеќе од 35 минути. Оставете го да олади на собна температура откриено, па потоа префрлете го во фрижидер. Со стоење во фрижидер ќе добие убава густина и свиленкаст изглед.
Ви препорачувам со него да подготвите фил со путер кој ќе ви даде многу богат вкус на филот, и секако доколку сте љубители на мед ви ја препорачувам песокливата торта со мед.
Рецептот за оваа прекрасна и богата по вкус торта може да го најдете на страната.
Имајте добар апетит!