Directions
Во зависност од калапот кој ќе го користите може да направите и двојна доза доколку користите поголем калап. Доволно е да сварите половина килограм костени претходно и да ги исчистите. Половина час варење е сосема доволно за убаво да омекнат и да можете да ги исчистите.
Одвојте неколку лажици од исчистените костени за декорација на крајот.
Деталите и подготовката за овој ароматичен колач следете ги подолу.
Состојки
100 грама сенаменско брашно
3 јајца (големи)
50 грама путер
2 лажици кафеав шеќер
1 лажица шеќер во зрно
2 лажици мед
1 лажица кафеав шеќер
100 грама црна чоколада
Подготовка
Во сад додадете три јајца на собна температура, една лажица шеќер во зрно и две лажици кафеав шеќер. Матете ги со миксер неколку минути пенесто додека се зголеми волуменот убаво. Потоа додадете 50 грама растопен путер и повторно изматете кратко една минута. Ќе добиете сјајна и мазна смеса. Додадете 100 грама брашно и едно пециво, изматете со миксер да се спојат сувите со течните состојки.
На крајот додадете ги засладените костени, изматете ја смесата и префрлете ја во калап со форма по избор. Претходно калапот премачкајте го убаво со путер и поросете со брашно.
Печете во загреана рерна на 160 степени 30 до 40 минути.
Проверете ја внатрешноста со чепкалка.