Directions
Протеинска салата од киноа која освежува и заситува и се подготвува брзо и лесно, одлична е за вечера.
Како да подготвите воздушеста киноа која не се лепи, повеќе детали ќе најдете во линкот подолу.
Состојки
100 грама варена киноа
100 грама салата микс (рукола и спанаќ)
100 грама урда
1 домат сецкан
50 грама непечени кикиритки
5-6 маслинки
1 лажица микс семиња по избор (тиква, сончоглед, афион, чиа)
2 лажици маслиново масло
4-5 каперси
Подготовка
Додадете ги спанаќот и руколата со оладената варена киноа, исецканиот домат, кикиритки, урда и измешајте. Сервирајте на чинија и додадете ги маслинките и каперсите. Прелијте со маслиново масло и поросете со миксот од семиња. Уживајте во вкусовите!