Directions
Едноставно слатко задоволство со бадеми и свежа нота на крем сирење, брза подготовка на десерт од 5 состојки.
По избор може да се додадете јагоди или кое било друго овошје што го сакате или да го направите како здрава варијанта на тирамису без да додавате овошје.
Состојки
150 грама мелени бадеми
30 грама растопен путер
25 засладувач по избор (еритритол/стевиа)
250 грама крем сирење
250 ml хопла
1 лажица екстракт од ванила
Можете да користите мелени бадеми или да ги мелете во блендер. Потоа додадете ги во тава со растопен путер и засладувачот. За овој десерт сакам да користам кокосов шеќер заради мирисот и вкусот со кој ги збогатува бадемите во комбинација со путерот, но ако сакате кето десерт со ниски јаглехидрати, можете да користите еритритол или стевиа.
Измешајте ги сите состојки и додадете ги на тивок оган. Мешајте од време на време неколку минути до златно кафеава боја и убава арома на бадем. Засладувачот добро ќе се комбинира со бадемите и путерот. Оставете ги бадемите целосно да се изладат пред да ги послужите.
Со рачен миксер измешајте го крем сирењето и течната хопла една минута додека не се соединат, а потоа додадете екстракт од ванила и кратко измешајте.
За сервирање ќе биде убаво да користите стаклени чаши. На дното додадете две лажици бадеми, а потоа додадете тенок слој фил од крем сирење и парчиња јагоди. Повторно наполнете со фил од крем сирење и на крајот завршете со бадеми. Украсете со половинки јагоди и листови нане.
Чувајте го во фрижидер најмалку еден час или преку ноќ пред да послужите за подобар вкус.
На здравје и добар апетит.