Directions

Потребно да е да го исецкате на мали парчиња по должината на жилите и да го оставите да стои во маринада најмалку еден час или покриено во фрижидер преку ноќ. Подготовката и пржењето за овој рецепт нема да ви одземе повеќе од десет минути со претходно маринирање.
При одбирање на месо користите крилен јунешки стек (flank steak) бидејќи ќе ви заштеди пари, но овој дел од јунешко парче е идеален за подготовка на овој рецепт.
Состојки за маринада
1л сода бикарбона
1л нишесте
2л вода
2л масло
1л соја сос
1л оистер сос
во замена за соја и оистер сос може да користите една лажица сол.

Во сад убаво измешајте ги сите состојки и додадете го исецканото месо. Месото исецкајте го ситно во правец на жилите за да биде меко при јадење. Се сецка на помали коцки или парчиња и се додава во маринадата, се масира да се впие маринадата во месото убаво, се покрива со фолија и се остава во фрижидер да стои преку ноќ.
Подготовка на Месото
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1/2 црвен кромид
1 младо кромидче
2 чешниња лук
2цм ѓумбир исецкан
Во загреана тава се додава маслото и се пржи само месото една до две минути, не повеќе. За да биде крцкаво месото додадете повеќе масло. Се вади месото од тавата и се се додава лукчето и ѓумбирот, се пржат кратко неколку секунди потоа се додава исецканиот зелнчук и се пржи една до две минути. Зеленчукот најдобро е да го исецкате на крупни парчиња. На крајот се додава месото и младото кромидче сецкано и се мешаат сите состојки. Се прелеваат со вкусен сос.
1л вино
1/2 л бел оцет
1л мед (шеќер)
1/2л нишесте
2 л вода
1л соја сос
1л оистер сос
1л чили сос
Измешајте ја водата и нишестето и потоа во нив додадете ги останатите состојки. Овој сос додадете го во месото со зеленчук во тавата, кратко измешајте и сервирајте во чинија. Сосот убаво ќе ги спои сите вкусови и ќе им даде убава густина на соковите од месото и зеленчукот.
На крајот поросете со младо кромидче а по желба може да додадете и суви чили пиперчиња.
Споделете ако ви се допадне!







