Directions
Овој вкусен сутлијаш има балансирана густина, арома на ванила и е со цело, мазно зрно. Еден е од најбрзите и најзрави десерти кои може да ги имате во секој дел од денот, било како десерт, здрава ужина или оброк.
Соодносот на млеко и ориз за постигнување на убава густина е според рецептот на мојата мајка, што е важна основа за секогаш добар резултат при подготовка на сутлијаш. На што додавам неколку финеси од вкусови и декорации кои мене ми се допаѓаат.
Состојки
1 шоља ориз (ориз со кратко зрно за поголема кремавост)
7 шољи млеко
1 лажица кокосово масло
1 лажиче ванила екстракт
2 лажици хопла
2 лажици засладувач (мед или шеќер)
прстофат сол
За декорација
мелен цимет
банана (тенки парчиња)
ф’стаци (сецкани)
Подготовка
Во тенџере, загрејте го млекото на средна температура. За постигнување на покремава структура, користете млекосо поголема масленост (полномасно млеко, може да користите и кокосово млеко).
Кога млекото ќе зоврие, додадете го оризот, и намалете ја температурата на тивок оган. Повремено промешувајте за да спречите залепување на оризот на дното на тенџерето.
Идеалено време за варење на оризот е 15 минути.
На крајот, додадете 1 лажица кокосово масло, 1 лажиче ванила екстракт, 2 лажици хопла и 2 лажици засладувач по желба. Доколку сакате посладок вкус, додадете повеќе засладувач. Варете кратко уште 1-2 минути и тргнете од оган.
Краен заклучок
Имајте на ум дека оризот кога ќе го тргнете од оган може да ви изгледа течен, но со ладење и стоење во фрижидер, дополнително ќе згусне бидејќи зрната ориз набабруваат и после варење.
Сервирање
Сервирајте во стаклени садови. За да избегнете создавање кора од млекото, покријте го секој сад со тенка фолија.
Поросете со цимет, сецкани ф’стаци по избор, или додадете сецкани парчиња банана како декорација и дополнителен вкус.