Directions
Доволно густ и течен во исто време, со арома на ванила, и цело мазно зрно, еден од најбрзите и зрави десерти кој може да ви се најде во секој дел од денот како оброк или десерт.
Овој вкусен десерт во еден од омилените во Емиратите познат како Рузблабан го имаат усовршено и има навистина прекрасен вкус и уникатна арома од зачините кои ги додаваат.
Рецептот кој го споделувам е комбинација на основата на соодносот на млеко со ориз за убава густина по рецептот на мајка ми и неколку финеси од вкусови кои мене ми се допаѓаат. Се надевам ќе ви се допадне.
Подготовка
Оризот измијте го убаво со ладна вода, неколку пати, додека водата се избистри,или три до пет пати е доволно.
Како мерка може да користите шоља по избор. Во сад за варење ставете 7 шољи млеко. Убаво е ако користите млеко со поголема масленост за покремава структура. Додаете една шоља ориз и оставете на средна температура да зоврие со повремено мешање.
Кога ќе зоврие намалете ја температурата и варете на тивок оган. Повремено промешувајте за да не ви загори. Во зависност од температурата и густината на млекото, идеалено време за оризот се десет минути и не повеќе од 15 минути. Тргнете го од оган, и на крајот додадете една лажица кокосово масло, една лажичка ванила екстракт, по избор може да додадете и две лажици ладна хопла и засладувач по вкус, шеќер или мед.
Блажината на сутлијашот зависи од вашиот вкус, ако шеќерот го додадете на крај брзо ќе се растопи од топлината, или може во секоја сервирана порција да додадете по малку мед по желба.
Сервирајте во садови веднаш додека е топол и покријте го секој сад со тенка фолија.
Оризот кога ќе го тргнете од оган може да ви изгледа течен, но имајте на ум дека со ладењето и стоење во фрижидер дополнително ќе згусне бидејќи зрното ориз набабрува и после варењето.
Пред дегустација додадете крупно сечени ф’стаци, парчиња банана или цимет по желба.
Добар апетит и на здравје нека вие !