• Home
  • Торти
  • Италијански Бисквит за Тирамису! Savoiardi – Lady Fingers – Рецепт!
0 0
Италијански Бисквит за Тирамису! Savoiardi – Lady Fingers – Рецепт!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Италијански Бисквит за Тирамису! Savoiardi – Lady Fingers – Рецепт!

Воздушести и лесни Домашни Бисквити

Kрцкав бисквит за Тирамису

  • 20 минути
  • Serves 16
  • Easy

Directions

Share

Италијанскиот Savoiardi бисквит или познат како Lady Fingery (женски прсти), се нежни и воздушести со слатка и крцкава кора, а домашно приготвените се дефинитивно најдобриот избор за автентичен вкус кој не може да се спореди по вусот со купечките.

Овој бисквит омекнува брзо и е одличен за потопување во  еспресо, капучино, пудинг, а особено е перфектен за да се користи во Тирамису.

Белките се матат одвоено од жолчките и се додава брашното, потоа од смесата се обликуваат бисквити во форма на долги прсти. Пред печење два пати се поросуваат со шеќер во прав за да имаат карактеристична кора и се печат 15 минути во загреана рерна.

По ладењето тие имаат тенденција да се стврднуваат, добивајќи полесна и крцкава конзистентност.

Јајца на собна температура, шеќер и брашно, три состојки е се што ви е потребно. За дополнителен мирис може да додадете ванила екстракт.

Состојки

2 јајца средна големина

60 грама шеќер во зрно

70 грама брашно за колачи

ванила екстрактѓ

прав шеќер за поросување

Подготовка

Користете јајца на собна температура. Одделете ги белките од жолчките.

Започнете со матење само на белките. Во нив додадете дел од шеќерот во зрно. Најдобро е да го додадете шеќерот во три наврати со постојано матење. Матете околу 5 минути додека да добиете тврдо меренге со врвови. Потоа додадете ги жолчките и матете кратко, неколку секунди, или додека се изедначат жолчките со белиот крем.

Потоа просејте го брашното и додадете го во изматениот крем. Ако немате брашно за колачи може да користите обично сенаменско брашно или бело брашно и во него да додадете малку сода бикарбона. Мене оваа варијанта секогаш ми успева кога немам или не можам да најдам брашно за колачи. На крајот додадете ванила екстракт и измешајте со шпатула или маталка за да се изедначи смесата.

Додадете ја смесата во пластична кеса за филување или шприц за полесно обликување. На тава со кујнска хартија обликувајте ги бисквитите. Должината е доволна да биде околу 4-5 цм, а со дебелина на прсти. Потоа со прав шеќер поросете ги по површината. Најдобро е два пати да ги поросите пред печење бидејќи со првото поросување шеќерот ќе се впие многу брзо.

Печете ги во загреана рерна 15 минути на 170 степени.Откако ќе оладат ќе се стврднат и тогаш отстранете ги од кујнската хартија.

Може да ги чувате на собна температура.Идеални се за уживање со чај, кафе, и одлични се за десерти по ваш избор.

Со нив ви препорачувам да го подготвите познатото италијанско класика тирамису.

Рецептот за ова вкусно Тирамису е во продолжение.

Имајте добар апетит и уживајте!

На здравје!

НАЈВКУСНО ТИРАМИСУ – КРЕМАСТО, се топи во уста – РЕЦЕПТ!

 

Steps

1
Done

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Вкусен десерт од Гриз со ванила крем! Брза подготовка!
next
Homemade Italian Lady Finger Biscuit – Savoiardi Recipe !
previous
Вкусен десерт од Гриз со ванила крем! Брза подготовка!
next
Homemade Italian Lady Finger Biscuit – Savoiardi Recipe !

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here