Directions
Дали знаете дека семињата од тиква се толку моќни што можат да ги парализираат паразитите во организмот и да го исчистат телото од токсини?
Ако ги изблендирате овие семиња со малку вода ќе добиете прекрасен и вкусен пијалок, лек, кој потсетува на млеко со зелена боја. Има убав вкус, а ако на тоа додадете и малку куркума во прав и ѓумбир во прав, добивате лек-пијалок кој е одличен за вашето здравје.
Потребно е да го пиете од седум до десет дена наутро на празен желудник, половина час пред појадок, а бенефититите ќе ги почувстувате веднаш.
Потребни состојки
100 грама семиња од Тиква
1/3 лажиче куркума во прав
1/3 лажиче ѓумбир во прав
600 мл вода
Прелијте ги семињата со вода целосно и оставете ги преку ноќ за да омекнат.
Наутро убаво измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги и ставете ги во блендер. Во нив додадете го ѓумбирот во прав и куркума во прав и 600 мл вода.
Блендирајте ги неколку минути додека да добиете мазна структура и процедете ги преку газа или кујнска крпа.
Пулпата што ќе ви остане не ја фрлајте, малку подолу прочитајте како да ја искористите, бидејќи е вкусна и корисна.
Пијте од пијалокот 150 мл секое утро на празен желудник пред појадок од седум до десет дена и направете пауза.
Чувајте го овој пијалок во фрижидер до 4 дена.
Пулпата може да ја искоритите за ексфолијација на лице и деколте. Во две лажици пулпа додадете 1/3 лажичка кокосово масло и нанесете на лицето и деколтето. Измасирајте и оставете неколку минути да делува, потоа измијте со млака вода. Кожата омекнува од кокосовото масло, и се чисти во исто време од бактерии од пулпата. Корисна е ако имате и проблеми со акни.
Од пулпата може да подготвите и вкусен појадок.
Во остатокот додадете едно јајце, малку јогурт, сол и изматете. Течноста да има густина на палачинки. Испечете ги тенко во тава со малку масло како палачинки и наполнете ги по желба со зеленчук, сирење, пилешко, печурки или слично.
На здравје !