• Home
  • Ручек
  • Чорба со Леќа, Мелено месо и Тарана! 30 минути подготовка!
0 0
Чорба со Леќа, Мелено месо и Тарана! 30 минути подготовка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Чорба со Леќа, Мелено месо и Тарана! 30 минути подготовка!

  • Medium

Directions

Share

Лесна чорба со леќа, богата со протеин, хранлива и вкусна, збогатена со мелено месо и тарана која може да ја подготвите за половина час.

Оваа чорба е традиционален рецепт кој мајка ми го подготвува многу често, и е една од омилените чорби на сестра ми. Понекогаш ја подготвувам и без тарана, само леќа и месо, или по желба може да ја спремите и посна само со леќа.

Одличен оброк во било кој дел од денот, заситува бидејќи е богата со протеини, надополнета со јаглени хидрати од тараната.

Рецептот како да подготвите домашна и вкусна тарана по рецепт на баба ми веќе е споделен на страната, а линкот може да го следите на крајот од овој пост.

Најчесто вкусот на оваа чорба го сакам збогатен со повеќе зачини што ја прави богата и особено може да ви помогне во период на грип и настинки. Може да ја подготвите и без месо по избор, ако ја подготвувате со месо, одберете парче меко месо и смелете го еднаш. По вкус може да подготвите со јунешко или свинско мелено месо.

Состојки

150 гр. леќа

100 гр. тарана

300-400 грама мелено месо (јунешко/свинско)

1/2 главица кромид

2 чешниња лукче

1 домат ситно сецкан

1 морков ситно сецкан

2 лажички црвена пиперка

зачини по вкус (црн бибер, мускатно оревче, сув магдонос, сув целер, куркума, кари, ѓумбир во прав)

свежа мајчина душичка

3 листа ловоров лист

3 лажици маслиново масло

1 лажица брашно

сол по вкус

Во тава додадете маслиново масло и додадете половина главица ситно исецкан кромид да се испржи на тивок оган додека да стане проѕирен.

Потоа додадете го меленото месо и мелен црн бибер. Откако убаво ќе се испржи месото додадете го исецканиот домат. Пржете уште неколку минути додека да испари сокот и додадете зачини по вкус и сецкано лукче. Испржете кратко. Леќата измијте ја во неколку води и додадете ја заедно со тараната. Пржете уште неколку минути и на крајот додадете сецкан морков, црвена пиперка и сол по вкус и запржете кратко.

Прелијте со 1 литар вода, додадете го ловоровиот лист и оставете да се вари 30 минути на среден оган. По потреба и во зависност од густината која ја сакате може да додадете вода дополнително.

 

На крајот во тава запржете кратко една лажица брашно со малку масло и додадете една лажичка црвена пиперка. Пржете кратко, внимавајте да не ви загори црвената пиперка и додадете од течност од чорбата, мешајте постојано на умерена температура за да нема грутки. Додадете ја запршката во топлата чорба и варете уште пет до десет минути.

Ако имате свежа мајчина душичка исчистете неколку гранчиња, додадете на крајот и тргнете ја чорбата од оган. Оставете ја неколку минути покриена пред да ја сервирате.

Имајте добар апетит!

 

Како да подготвите домашна тарана следете во линкот подолу :

ДОМАШНИ ЈУФКИ И ТАРАНА РЕЦЕПТ!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Summer Salad ready in 10 minutes! Tabule salad on my way!
next
Lentil Stew with minced Beef and tarana! 30 minutes preparation!
previous
Summer Salad ready in 10 minutes! Tabule salad on my way!
next
Lentil Stew with minced Beef and tarana! 30 minutes preparation!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here