• Home
  • Појадок
  • Чиабата со 1 грам квасец! Метод со пред-Ферментација!
0 0
Чиабата со 1 грам квасец! Метод со пред-Ферментација!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Чиабата со 1 грам квасец! Метод со пред-Ферментација!

  • Medium

Directions

Share

Меки, воздушести чиабата лепчиња со тенка кора кои имаат прекрасен мирис и можност да ги комбинирате како појадок или ручек во многу варијанти.

Лесни за дигестија, кои ви прават да се чуствувате убаво заради начинот на подготовка со пред-ферментација.

Овој метод на подготовка на лебот, како и малата количина на квасецот кој се додава, се многу важни за да се добие поквалитетен леб кој ќе биде полесен за варење и нема да го оптеретува желудникот или да предизвикува тегоби.

Ако направиме паралела на начинот на кој се подговува лебот денес и оној кој го подготвуваа моите баби, можам да воочам дека ние денес ги имаме изгубено навиките за подготовка на здрав леб.

Квалитетот и составот на брашното можеби не е ист како порано, но подготовката на лебот зависи од нас па можеме да влијаеме во тој дел.

Една од методите за подготовка на лепчиња која ја користам е методата на предферментација која се разликува при подготовка со стартерот по тоа што користи многу мала количина на квасец кој се додава во микс од брашно и вода.

Притоа бавно расте (од 12-16 часа) додека да се активира доволно, и да може да се користи за печење на леб. На овој начин се создава подобра текстура и длабочина на вкус на пецивата и лебот.

Доволно е еднаш да подготвите леб на овој начин за да ја почуствувате разликата.

Состојки

500 грама брашно

400 мл вода

1 гр сув квасец

8 гр сол (1 лажичка)

Подготовка

Во 200 грама брашно додадете 1 грам сув квасец и додадете 200 мл ладна вода, измешајте со дрвена лажица да се изедначат состојките како тесто. Покријте го садот со пластична фолија и оставете во фрижидер 2 до 16 часа, или преку ноќ. 

Наредниот ден во 200 мл ладна вода додадете 8 грама сол (една лажичка), измешајте да се рсатопи солта и додадете ги ферментирано тесто од фрижидер.

Измешајте со лажица да се изедначат состојките и на крајот  додадете 300 грама брашно. Измесете го тестото со рака (или миксер), неколку минути, до мазно тесто. Ова тесто е лепливо бидејќи има висока хидрација, наликува на тесто на мекица, па при месење со рака може да користите и лажица, но никако не му додавајте дополнително брашно.

Кога ќе добиете мазна структура префрлете го во сад премачкан со масло, премачкајте го со масло и по површината, покријте со пластична фолија да стои на собна температура 45 минути. Потоа со намокрени раце во ладна вода кренете го тестото од садот и предиплете го четири пати во форма на топка, со вртење на садот под агол од 90 степени и покријте со фолија.

Повторете ја оваа постапка уште два пати, или вкупно три пати на секои 45 минути. 

Стасаното тесто превртете го на набрашнета површина со пченкарно брашно (во подебел слој) набрашнета површина со подебел слој, поросете со брашно и по површината. Со шпатула за леб поделете го тестото со сечење на 4 или 6 дела, зависно од големината на лепчињата која ја сакате, и префрлете ги во тава за печење и одморете ги на собна температура 20 минути покриени со крпа.

Загрејте ја рерната на 220 степени со сад со вода под решетката, најмалку 15 минути пред да ги печете лепчињата. Оваа постапка помага лепчињата да останат влажни и да крцкаат на крај. Доколку ги печете во фурна, загрејте ја на 300-350 степени и печете ги околу 2 минути. 

Овие лепчиња се одличи како ладен сендвич  и ви препорачувам да ги пробате во комбинација со ајвар, мортадела и зелена салата, или малку потпечени со топли кебапи со сецкан кромид се прекрасен оброк. И двата рецепти може да ги најдете во линковите во продолжение.

Имајте добар апетит!

Ќебап! Мој омилен Рецепт !

Чиабата Сендвич со мартадела и кајмак!

 

 

Olgica

previous
Protected: Okra dish with Beef and rice! Healthy, delicious meal!
next
CIABATTA with 1 gram yeast! Pre-Fermented Method!
previous
Protected: Okra dish with Beef and rice! Healthy, delicious meal!
next
CIABATTA with 1 gram yeast! Pre-Fermented Method!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here