0 0
Бурата со маслинки и шери домати!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Бурата со маслинки и шери домати!

  • Medium

Directions

Share

Сирењето Бурата е италијанско кравјо сирење направено од моцарела и крем. Надворешната обвивка е цврсто тенко сирење моцарела, додека внатре содржи страчатела која дава мека текстура.

Има млечен, богат и путерест вкус со соодветна кремаста сладост.

Добар извор е на протеини и калциум, богата е со масти и калории, па затоа треба да се консумира умерено како дел од урамнотежена исхрана.

Најдобро е да се служи на собна температура, а најдобро е секогаш да се јаде што е можно поскоро откако ќе се подготви. Ако купувате од маркет обично има 4 до 5 дена до рок на траење.

Се чува во течност (сириште), а таа вода треба да ја исцедите пред да ја послужите.

Зачинете ја едноставно, можете да ја додавате во пици, одлична е да се комбинира со маслинки, шери домати, тартуфи и можете да ја користите и во капрезе.

Ако ви треба идеја за касен појадок или предјадење, ви споделувам детали за прекрасна крцкава брускета.

Состојки

400 грама шери домати, половинки

100 грама маслинки, без семка

свежи листови босилек и магдонос, грст

1 чешне лук, ситно сецкано

2 лажици балсамиков оцет

3 лажици екстра девствено маслиново масло

Сол и бибер по вкус

4 парчиња крцкаво лепче

Метод

Во еден сад измешајте ги преполовените шери домати и маслинките без коска, па подгответе лесен дресинг.

Дресинг

Во посебен сад додадете едно чешне лук мелено, сечканите листови босилек и магдонос, балсамиков оцет, маслиново масло, црн пипер и сол по вкус.

Измешајте сè, да се соедини и додадете ги во маслинките и шери доматите.

Испечете ги текните парчињата леб со маслиново масло од двете страни додека не станат крцкави и златно кафеави, поросете ги со суво оригано и сол додека ги печете. Може да користите готови багет лепчиња.

Послужете сè во длабока чинија или сервирајте по избор, а од страна додадете го бурата сирењето. Прелијте ја буратата со балсамиков оцет и декорирајте со свежо гранче мајчина душица и уживајте! Лесно и вкусно, готово за 5 минути!

Имајте добар апетит!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Burrata Bruschetta with olives and sherry tomatoes!
next
Летна Егзотична “Бурата” Салата! Се подготвува за 5 минути!
previous
Burrata Bruschetta with olives and sherry tomatoes!
next
Летна Егзотична “Бурата” Салата! Се подготвува за 5 минути!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here