Directions
Предјадење на брускета или традиционално ладно макало со малку пикантен вкус, бунгурот или кршена пченица во комбинација со кисело млеко е освежително-здрава комбинација.
Ако во него изренданте и малку свеж рен, тогаш ќе го збогатите со бенефити за вашето здравје уште повеќе.
Кисело млеко со бунгур како традиционален рецепт се подготвува брзо и лесно од варен бунгур, и ако не сте избрале да изрендате свеж рен во составот, тогаш се надевам дека ќе го практикувате почесто во иднина.
На овој начин се подобрува циркулацијата во организмот, апсорпцијата на состојките а со лепче може да макате од него или едноставно да го подготвите како здраво предјадење кое верувам ако еднаш го пробате ќе го правите редовно.
Особено освежително е во летните месеци и може да го ставите на листа за здрав начин на исхрана и баланс на телесна тежина.
При подготовка може да користите и кисела павлака доколку сакате поголема густина, може да подготвите и комбинација на двете, кисело млеко со кисела павлака во сооднос по ваша желба, или да користите грчки јогурт.

Подготовка
500 мл кисело млеко
200 грама варен бунгур
2 цм свеж рен
свежо нане по вкус
1 багет
Сварете го бунгурот и откако ќе излади додадете го во киселото млеко. Изреднајте свеж рен, ситно исецкајте листови свежо нане и измешајте. Исечете парчиња багет или лепче по избор, тостирајте го лепчето и врз него додадете од киселото млеко со бунгур.
Сервирајте со една лажица варен бунгур во средина, малку рендан рен и ливчиња нане. Ова вкусно јадење може да го консумирате и како вечера без лепче.
Имајте добар апетит!







