0 0
Бамја-Туршија! Рецепт без Конзерванси!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Бамја-Туршија! Рецепт без Конзерванси!

Features:
    • Easy

    Directions

    Share

    Листата на придобивки од користење на бамјата е долга, бидејќи изобилува со многу витамини и минерали.

    Оваа овошка е исклучително здрава, бидејќи дава енергија и помага за нормална функција на телото, се препорачува да ја вклучите во оброци доколку сакате да ја намалите телесната тежина, ги јакне коските, одлична храна е за дијабетес, одлична храна е за видот, го намалува ризикот од деменција и помага во воспалителни процеси на желудникот.

    Ова се само дел од придобивките и причина повеќе зошто да почнете да ја консумирате бамјата почесто.

    Крајот на август и септември е сезона на бамјата кај нас и може од неа да подготвите многу рецепти или да ја складирате на неколку начини за да ја имате и во периодот на зимата.

    Детали како да ја зачувате бамјата на повеќе начини, или како да подготвите вкусна бамја со јунешко и ориз може да прочитате во линкот на крајот на овој пост.

    При подготовка на туршија од бамја потребно е да обрнете внимание на неколку детали и на крајот да ја пастеризирате. Оваа овошка испушта слуз кога се засекува па затоа при одбирањето на плодови за туршија, треба да биде здрава, со затворени врвови и во делот на рачката да не се засекува ниско. На овој начин бамјата ќе ја задржи слузта внатре и при пастеризирање ќе имате бистра течност.

    Потребно е да користите свежо набрана и здрава бамја, убаво да ја измиете во две-три води и да ја оставите на кујнска крпа да се исцеди.

    Од еден килограм бамја може да наполните 5-6 тегли, помали и средна големина.

    Јас сакам туршијата да ја полнам во помали тегли за да биде свежа и при отворање на една тегличка да се конзумира цела.

    Состојки

    1 кг бамја

    1 л вода

    250 мл бел оцет ( 9% оцет)

    50 гр сол

    25 грама шеќер

    ловоров лист

    5-6 чешниња лук (исчистени)

    кориандер во зрно (или црн бибер)

    Подготовка

    Убаво измијте ја бамјата во две три води и оставете ја да се исцеди на кујнска крпа, не користете сода бикарбона за миење на зеленчукот при подготовка на туршија.

    Исечете ги рачките над коренот половина сантиметар, притоа внимавајте да не го засекувате делот како капа на бамјата за да ја зачувате слузта внатре. Проверете го секој плод во врвовите дали е здрав, ако има распукани врвови не го користете во туршијата.

    Селектирајте ги само здравите плодови и со нив наполнете ги теглите убаво. Важно е да ги притиснете убаво за да не се креваат кога ќе ги прелиете со течноста. Во секоја тегла додадете сув ловоров лист (1-2) по вкус, по едно исчистено лукче, и зрна кориандер по вкус кои може да ги замените и со зрна црн бибер.

    Теглите кои ќе ги користите е важно да бидат стерилни. Претходно убаво измијте ги и ставете ги во рерна на 130 степени 15 минути па потоа полнете ги. Заедно со теглите стерилизирајте ги и капаците.

    Откако ќе ги подготвите теглите и бамјата ќе ја наредите, спремете ја течноста со која ќе ги прелиете. Во еден килограм вода, додадете 250 мл бел оцет, 50 гр сол и 25 гр шеќер. Шеќерот е конзерванс кој не го менува вкусот на туршијата. Кога ќе зоврие течноста со неа прелијте ги теглите бамја и затворете.

    За да бидете сигурни дека се убаво затворени ви препорачува да ги пастеризирате со водена бања.

    Во поширок сад наполнете вода, на дното поставете крпа и наредете го теглите. Потребно е да има вода до средина на теглите. Теглите во водената бања вријте ги околу петнаесетина минути.

    Потоа извадете ги и оставете ги да изладат целосно на собна температура.

    Може да ги конзумирате после 10 дена.

    Имајте добар апетит!

     

    Бамја со говедско месо и ориз! Здрав и вкусен рецепт!

     

     

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Cold Sandwich with Mortadella and Ajvar! Ciabatta Sandwich !
    next
    Pickled OKRA Recipe! Pasteurized, without preservatives!
    previous
    Cold Sandwich with Mortadella and Ajvar! Ciabatta Sandwich !
    next
    Pickled OKRA Recipe! Pasteurized, without preservatives!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here