Directions
Освежителна веганска салата со тортиља чипс, комбинација на овошје и зеленчук кои содржат здрави масти и помагаат во процесот на намалување на телесна тежина на здрав начин.
Крцкаво-освежителни вкусови кои добро ќе ви дојдат во вечерните часови.
Состојки
1 авокадо
1/2 ананас
1 главица црвен кромид
200 грама црвен грав (варен од конзерва)
свеж магдонос
сок од еден лимон
сол и црн бибер по вкус
црно семе за поросување
Подготовка
Исецкајте половина ананас, едно авокадо и црвен кромид на коцки и прелијте со сок од еден лимон, п добро измешајте. Додадете го црвениот грав и ситно исецкан магдонос. Внимателно мешајте бидејќи авокадото е меко. Зачинете со сол и црн пипер и поросете со црно семе.
Сервирајте во чинија по избор заедно со тортиља чипс.
Подготовка на домашен тортиља чипс следете во линкот на видеото.







