0 0
АЈВАРИТА-Пица со Ајвар! Ајварита Македонита!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

АЈВАРИТА-Пица со Ајвар! Ајварита Македонита!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Ајварита – пица со ајвар инспирирана од наполетанската пица Маргарита

    Ајварита е уникатна пица, со вкус и арома на димена пиперка, едноставна, која дефинитивно заслужува да ја испробате во сезоната на ајвар.

    Како настана Ајварита?

    Идејата ми се роди случајно при подготовка на наполетанска пица, и тукушто завршениот ајвар за оваа сезона решив да го додадам во пицата.

    Доматниот сос целосно го заменив и основата се решив да биде само ајвар. Моцарела сирењето и пармезанот ги задржав, а додадов и малку свежа црвена ајварска пиперка бидејќи имав дома.

    И додека ја подготвував ми пројде името Ајварита во мислите, па да, зошто да не, скратено од маргарита, заменето со ајвар.

    Зошто да не биде и нова варијанта на италијанска наполетанска пица прилагодена на македонски начин?

    И така бидна нешто ново и уникатно, па на тоа се додаде и македонско девојче инструментална верзија, и видеото за оваа пица ме освои од прва. Ова кратко видео може да го погледнете на профилите на инстаграм и фејсбук.

    Топло ви ја препорачувам, и еве додека го пишувам текстот уште едно име се роди во мислите, Ајварита – Македонита како втора варијанта која го надополнува Ајварита.

    Ајварот како автентичен македонски бренд нека биде причина за да го подновиме и во ново руво да го гледаме како намаз на нешто што може да биде широко распространето.

    Може ќе се согласите со мене, може не, но еве овој рецепт и текст нека сведочат за една инспирација и идеја која може и вас да ви роди инспирација за нешто поинакво.

    Состојки за две пици

    наполетанско тесто за 2 пици (250-280 грама за една пица)

    250 гр моцарела

    6 лажици ајвар

    1 свежа ајварска пиперка

    3 лажици рендан пармезан

    свеж босилок ливчиња

    маслиново масло

    Растегнатото тесто премачкајте го со ајвар, секоја пица по 3 лажици. Потоа додадете парчиња 125 грама моцарела за една пица и распоредете свежо сецкани парчиња црвена ајварска пиперка. Изрендајте пармезан сирење и печете во загреана фурна.

    На крајот прелијте по краевите на тестото малку маслиново масло и додадете свежи ливчиња босилок за вкус и декорација.

    Имајте добар апетит!

    Во продолжение може да го следите линкот за рецептот за автентичен македонски ајвар кој го подготвувам многу години!

    Македонски АЈВАР, оригинален рецепт!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Macedonian AJVAR! Authentic Original Recipe!
    next
    AJVARITA Pizza with Ajvar spread! Ajvarita Makedonita!
    previous
    Macedonian AJVAR! Authentic Original Recipe!
    next
    AJVARITA Pizza with Ajvar spread! Ajvarita Makedonita!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here