Directions

Вкусен ролат со кршени бисквити од моето детство, направен од неколку состојки и со арома на рум. Подготовката трае само 10 минути, а може да се чува во фрижидер повеќе денови.
Со мед како природен засладувач, овој десерт е едноставен, но богат на вкус, идеален за моменти кога сакате нешто брзо и вкусно.
Состојки
- 200 г бисквити по избор
- 100 мл млеко
- 100 г путер (на собна температура)
- 50 г црна чоколада
- 3 лажици какао во прав
- 2 лажици мед
- 3 лажици темен рум (или екстракт од рум)
- Цвекло во прав или какао во прав за валкање

Подготовка
- Иситнете ги бисквитите на покрупни парчиња.
- Во сад ставете путер, чоколада, какао во прав и млеко. Ставете го садот врз тенџере со зовриена вода и мешајте додека сите состојки се соединат.
- Прелијте го кремот врз бисквитите и измешајте со лажица.
- Префрлете ја смесата на фолија и обликувајте во форма на салама. Ставете во фрижидер најмалку еден час.
- Пред сервирање, валкајте во цвекло во прав или какао во прав. Чувајте во фрижидер во фолија повеќе денови.








