• Home
  • Вечера
  • Ќофтиња од Сардини во Доматен Сос! Готови за 10 минути!
0 0
Ќофтиња од Сардини во Доматен Сос! Готови за 10 минути!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Ќофтиња од Сардини во Доматен Сос! Готови за 10 минути!

  • Medium

Directions

Share

Вкусни морски ќофтиња од свежи сардини кои лесно и брзо се подготвуваат во доматен сос. Се блендираат во сецко со пулсирање и се обликуваат. Во доматниот сос се варат околу 5 минути и се сервираат.

За подготовка ви се потребни исчистени сардини, а од мала количина на риби може да добиете доволна количина на ќофтиња, а само неколку од нив ќе ве заситат бидејќи се многу богати со протеини, а сосот ќе им даде убава блага нота и ќе ги направи уште повкусни.

Една од придобивките на оваа моќна и здрава морска риба е дека е во топ 5 на листата на здрава храна заедно со лососот, пастрмката, скушата и ракчињата. Го штити срцето и крвните садови, одлична е за дијабетичари, и за сите кои сакаат да ја намалат телесната тежина на здрав начин. Повеќе детали за бенефитите од сардините може да прочитате во линкот на крајот од постот во кој имате уште еден вкусен и крцкав рецепт од свежи сардини.

Состојки за Кофтиња

500 грама сардини (исчистени)

1 л. лук во прав (или сецкани 2 чешниња)

1 л. црвена пиперка

1/3 л. црн бибер

1/2 л. морско оревче

сецкан магдонос по вкус

сок од 1/2 лимон

100 грама лебни трошки за валкање

Сите состојки ставете ги во блендер, освен лебните трошки, и изблендирајте ги со пулсирање, да добиете ситни парчиња, притоа внимавајте смесата да не стане кашеста. Потоа со раце обликувајте помали ќофтиња и секое извалкајте го во лебни трошки.

Состојки за сос

1 мал кромид сецкан

1 чешне лук

1/2 л. сув магдонос

1 л. црвена пиперка

1/4 шоља вода

1/2 шоља доматно пире

кора од еден лимон

2-3 тенко исецкани парчиња лимон

2 ловорови листови

3 л. Маслиново масло

Ситно исецканиот кромид додадете го во тава со малку масло и испржете го кратко додека стане проѕирен, потоа во него додадете го исецканото лукче, сувиот магдонос и црвената пиперка. Пропржете ги кратко со зачините додека добиете убав мирис од пиперката и во нив додадете го доматно пире и водата. Изрендајте кора од еден лимон, и додадете 2-3 тенко исецкани парчиња лимон и ловоров лист. Откако ке ги измешате сите состојки во тавата додавајте ги ќофтињата едно по едно. Варете ги од 5 до 8 минути на среден оган, при варењето доволно е да ги свртите еднаш за да го впијат сосот од сите страни.

Сервирајте ги во чинија и прелијте ги со доматниот сос и парче лимон.

Имајте добар апетит и гответе здрава храна.

 

Линк : https://www.olgicanacevakitchen.com/recipe/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d0%b6%d0%b8-%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d1%86%d0%b5/?fbclid=IwAR20vwsl0PvsJsFuaXq3NTUq_6O60odr3FWKvdDdkHSLdZT0COyM47abTGI

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Crunchy Fried Fresh Sardines, Recipe and Healthy Benefits !
next
Sardines Meatballs in Tomato Sauce! Ready in 10 minutes!
previous
Crunchy Fried Fresh Sardines, Recipe and Healthy Benefits !
next
Sardines Meatballs in Tomato Sauce! Ready in 10 minutes!

Add Your Comment