Directions
Едни од најелегантните класици во кулинарската кујна, школките во исто време се едни од најлесните и најбрзи морски плодови за подготовка.
Фрлете ги во тава со сос, покријте ги со капак додека се отворат и ги пуштат соковите, и послужете ги со крцкава брускета.
Макајте од вкусните сосови и уживајте во овој елегантен и вкусен мекотелски оброк.
Свежите школки најдобро е да ги купите непосредно пред готвење и да ги чувате во фрижидер во сад покриен со крпа. Кога ќе ги извадите од фрижидер ставете ги во сад со ладна вода и додадете лажица морска сол и оставете ги 15 минути до половина час.
Со четка или со сунгерче, жица, исчистете ја школката убаво надворешно и отстранете ја врвката со ножица, притоа повлекувајки ја без да ја оштетите школката. Отворените школки и скршените отстранете ги и користете ги само оние кои се затворени. Откако ќе ги исчистите измијте ги со ладна вода, процедете и се спремни за подготовка.
Подготовка и состојки
1/2 кромид
1/3 домат средна големина
1/3 црвена и 1/3 зелена пиперка
2 лукчиња
100 грама бело вино
зачини (црвена пиперка,црн бибер,магдонос,босилок)
3 лажици маслиново масло
2 лажици путер
2 лажици пармезан
200 мл буљон од зеленчук
1/2 лимон
брускета
Започнете со подготовка на сосот
За две порции ви се доволни до 20 школки.
Ситно исецкајте го кромидот и испржете го на средна температура додека да добие проѕирна боја (транспарентен). Потоа додадетет ги исецканите пиперки зелна и црвена, можете и малку чили за вкус. Пржете кратко и додадете го ситно исецканиот домат. Додадете ги зачините, црн бибер, црвена пиперка, свеж магдонос и босилок. На среден оган мешајте кратко и додадете 200 мл буљон од зеленчук. Додадете 100 мл бело вино, и откако ќе зоврие сосот додадете ги школките.
Покријте со капак за побрзо да се отворат школките.
Доволно е 5 до 10 минути за сосот да згусне и да се приготват школките.
Предолга подготовка може да ги направи школките гумени. На крајот изрендајте малку пармезан.
Тргнете ги школките од оган.
Сервирајте ги во подлабока чинија и прелијте ги со течноста во која се вареа.
Во тава додадете путер и потпечете тенко исецкани багети додека добиете крцкава брускета.
Исцедете свеж лимон, поросете со сецкан свеж магдонос и макајте од вкусниот сос.
Уживајте во вкусовите.
На здравје!