0 0
Чоколадна Торта без печење! Богат Вкус!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
80 грама Орео Колачиња искршени со филот
200 грама Крем сирење
230 мл Млеко се дели во филот и преливот
30 грама Мед
200 грама Чоколада црна или млечна
100 грама шеќер во зрно по половина во филот и преливот
30 грама Путер растопен
40 грама Какао во прав
15 грама Желатин

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Чоколадна Торта без печење! Богат Вкус!

Торта без брашно и без јајца

Features:

    Богата и Сочна Чоколадна Торта

    • 15 минути
    • Serves 12
    • Medium

    Ingredients

    Directions

    Share

     Ако обожавате чоколадна торта со многу чоколада без да вклучите рерна во овие летни и топли денови, тогаш ви ја препорачувам да ја пробате бидејќи лесно се подготвува.

    Нема брашно и јајца во составот, но има мазна структура од два слоја и секој дел убаво си ја задржува формата, на крајот се завршува со сјаен прелив.

    Се што ви е потребно е мало пакување орео колачи или темни колачи по избор, чоколада, какао во прав, млеко, крем сирење, малку мед, шеќер и желатин.

    Подгответе ги слоевите и оставете ја преку ноќ да добие убава структура, прелијте ја наредниот ден и дегустирајте.

    Сите детали за подготовка следете ги подолу, состојките отворете ги со кликање на делот каде пишува состојки.

    На здравје !

     

     

     

    Steps

    1
    Done
    15 минути

    Подготовка на слоевите

    Искршете 80 грама (7-8) цели орео колачи, заедно со филот. Најдобро е да ги ставите во пластична кеса и со сукало да ги иситнете побрзо и полесно, потоа во нив додадете 30 грама расттопен путер и измешајте добро.
    Користете калап во форма која сакате да ја добиете (правоаголна, коцка, округла),и калапот прекријте го со хартија за печење одвнатре за полесно да може да ја извадите тортата откако ќе стегне и олади. Распоредете го долниот слој со орео колачи во тенок слој и притиснете со дното на чаша за да го изедначите.
    Ставете го во фрижидер додека го подготвувате вториот слој.
    Во сад на парна бања ставете 150 грама чоколада да се растопи и тргнете го од оган.
    Во чоколадата додадете 70 мл млеко и изматете со шпатула додека се изедначи смесата.
    10 грама желатин (едно пакување) додаддте му 5 лажици ладна вода и оставете го неколку минути да се раствори во водата.Потоа додадете го во млекото со чоколада и измешајте.
    Во посебен сад ставете 50 грама шеќер и 30 грама мед и во нив додадете 200 грама крем сирење. Крем сирењето е одлична комбинација за овој рецепт бидејќи има убава густина.
    Со лажица изматете ги овие три состојки додека шеќерот во зрно се растопи, за да немате зрнца во тортата. За неколку минути мешање со лажица ќе добиете убава кремава и мазна смеса. Додадете ја во сместата со чоколада и измешајте да се изедначат убаво.
    Извадете го од фрижидер калапот и врз првиот слој со орео колачиња додаете го филот.
    Оставете во фрижидер да стои додека се стегне, најмалку 4 часа или преку ноќ.
    Пред да ја прелиете тортата со глазура исечете ги краевите со нож ако се неправилни, па потоа прелијте ја.

    2
    Done
    5 минути

    Прелив за торта

    Пред да ја прелиете тортата извадете ја од фрижидер и оставете ја на собна температура додека ја подготвите глазурата.
    Во тенџере додаете 40 грама какао во прав, 50 грама шеќер и 160 мл млеко. Ставете го на оган на умерена температура и со шпатула мешајте постојано да не ви загори. Кога ќе зоврие мешајте околу 10тина секунди додека да добие убава сјајна боја и тргнете го од оган.
    Во него додатете 50 грама чоколада во коцки и 5 грама растворен желатин во 4 лажици вода.
    Измешајте ги сите состојки со шпатула и оставете малку да олади пред да ја прелиете тортата.
    Преливот треба да биде на температура околу 40 степени или да биде млак на допир.
    За полесно да ја прелиете тортата ставете во поширок сад две чаши и врз нив ставете ја тортата за вишокот да паѓа во него. Нанестете ја глазурата по краевите на тортата па потоа на средина. Оставете ја неколку минути да се исцеди и сервирајте ја чинија за торта.
    Може да ја украсите по избор со дел од растопената глазура.

    На здравје!
    Ако ви се допадне вкусот и рецептот за оваа торта споделете !

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Spicy Dessert with Caramelized Peach !
    next
    No Bake, Rich CHOCOLATE CAKE!
    previous
    Spicy Dessert with Caramelized Peach !
    next
    No Bake, Rich CHOCOLATE CAKE!

    Add Your Comment