Directions
Едно од најздравите овошки калинката во комбинација со цвекло може да ги доведете во една здрава комбинација, целосно да им го зачувате здравиот состав и витамини а притоа да ги претворите во еден вкусен десерт без шеќер, со малку калории.
Калинката е особено ефикасна за зајакнување на имунитетот и нервниот систем, редовно конзумирање ви помага да имате здрав апетит, ја гасне жеддта, а калинката како древна тајна се користи во пустинските и топли краеви при недостиг на вода така што со сок од калинка се намалува потребата за пиење вода. Калинката делува на ѕидовите на крвните садови, ги прави силни и флексибилни, многу е корисна за добра циркулација, за формирање на хемоглобинот и црвените крвни клетки, а заедно во комбинација со свежо цеден сок од цвекло се вистински ефикасен лек за анемија. Цвеклото е познато и по своите продобивки при нарушување на црниот дроб, панкреасот,гастроинтестинални проблеми и слично.
Ако ги споиме ова овошје и зеленчук освен што ќе добиеме прекрасна боја за овој чизкејк, ќе имате и прекрасен здрав десерт особено за вашите деца. Ф’стаците на површината на дополнително ќе и дадат крцкавост на оваа торта, а како подлога може да користите мелени јатки по избор.
Состојки за Чизкејкот од Калинка
– 2 Калинки (свежо цеден сок)
– 1 Цвекло (свежо цеден сок)
– 2 Лажици Мед (полни)
– 20 грама Желатин( 2 пакетчиња)
– 100 грама мелени јатки (лешници, ф’стаци, ореви)
– 2 Лажици Кокосово Масло
– 50 грама сецкани ф’стаци за декорација
Подготовка
Измешајте ги мелените јатки (лешници, ф’стаци) со две лажици кокосово масло и во калап за торта убаво распоредете ги како подлога за чизкејкот. Најдобро е да користите калап без дно за да можете лесно да го извадите чизкејкот на крајот откако ќе затегне. Колку помала големина толку подобро, доколку немате модла без дно, тогаш обложете ја модлата убаво со хартија за печење како една целина.
Потоа подгответе го желатинот во помал сад. Доволни се 20 грама желатин (две кесички) на кои ќе им додадете 10 лажици ладна вода, измешајте и оставите го десет минути.
Исцедете го сокот од калинки и цвекло, може да ги цедите со цедалка, во соковник или блендер. Ако користите блендер отстранете ја пулпата за да имате проѕирен сок. Потоа во сокот додадете две големи лажици мед. Неколку лажици од сокот додадете во желатинот и на умерена температура затоплете ги кратко само додека желатинот се растопи, Па потоа додадете ги останатиот свеж сок. На овој начин ќе ги задржите сите бенефини на соковите и медот. Вака подготвениот втор слој полека со поголема лажица додадете го врз подлогата со мелени јатки со кокосово масло. Бидете внимателни при додавањето и одблизу сипувајте го течниот слој. По избор моќе да додадете исчистени зрна од калинка на крајот. Покријте го со фолија калапот и ставете го во фрижидер најмалку четири часа или преку ноќ убаво да стегне.
На крајот декорирајте со фстаци или свежи зрна калинка по избор. И во двата случаи ќе добиете крцкавост.
Ви посакувам добар апетит!