0 0
Хумус на 3 начини !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Хумус на 3 начини !

Домашен Хумус од Наут !

Features:

    Кремаст мазен хумус

    • 60 минути
    • Medium

    Ingredients

    Directions

    Share

    Најдобар начин да направите кремаст хумус, со неверојатен вкус и боја е да го подготвите навечер за да има мека структура.

    Еден од најздравите оброци, совршен како закуска кој има најмногу придобивки ако е направен во домашни услови.

    Може да го најдете на зелените пазари по добра цена, и тоа неколку пати пониска од онаа во маркетите, ако сте љубител на хумус, домашниот хумус ќе ви заштеди пари на долг рок.

    Во зависност од тоа кој вкус го сакате можете да приготвите три различни варијанти :                                               Стандарден, со варено цвекло или пикант.

    Steps

    1
    Done
    60 минути

    Стандарден Хумус- Цвекло - Пикант

    Измијте го наутот во ладна вода неколку пати, најдобро е три пати, или оставете го во ладна вода преку ноќ или барем еден час на собна температура пред варење.
    Варете го 60 до 90 минути за убаво да омекнат зрната.
    Во текот на вриењето исчистете ја пената од врвот со лажица.
    Кога наутот е подготвен, можете да започнете со подготовка на состојките.

    За Стандарден Хумус ви се потребни:
    2 чаши Наут
    2 лажици Таан
    3 лажици маслиново масло
    Чешне лук
    Лажица морска сол
    Црн пипер по вкус и
    Половина чаша зовриена вода во која се вареше наутот.

    Во блендер изблендирајте ги сите состојки заедно додека да се изедначат и да добиете посакувана структура. Сервирајте во чинија и декорирајте со неколку зрна од варениот наут и свеж магдонос.

    ХУМУС ОД ЦВЕКЛО
    За овој вкус освен состојките на стандарниот хумус додадете 5 парчиња варено цвекло.
    Парчињата исцедете ги од течност и додадете ги во блендерот со останатите состојки.
    Од цвеклото ќе добие убава боја. На крај декорирајте со сусам и неколку зрна варен наут.
    ПИКАНТ ХУМУС
    За овој вкус освен состојките на стандарниот хумус додадете една црвена пиперка и една чили црвена пиперка , доколку сте љубители на луто и сакате посилен вкус може да додадете две црвени чили пиперки.
    Блендирајте со останатите состојки и декорирајте со чили парченца.

    На здравје и уживајте кој вкус и да го одберете!
    Доколку ви се допаѓа овој рецепт, споделете!
    Блгодарам :)

    2
    Done

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Hummus in 3 ways !
    next
    Тирамису Торта со еспресо.
    previous
    Hummus in 3 ways !
    next
    Тирамису Торта со еспресо.

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here