0 0
Хранливо Лепче од Семиња и Овес со Мед! Без Месење!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Хранливо Лепче од Семиња и Овес со Мед! Без Месење!

  • Medium

Directions

Share

Овесни снегулки и микс од зрна по избор со малку мед до здрав леб кој се подготвува без месење.

Потпечените семиња на површната му даваат убава крцкавост и дополнително го прават вкусен

Ова здраво лепче богато со влакна е одлично за појадок со мед, џем, ајвар или варени јајца со сос по избор.

Се подготвува брзо и од една доза може да подготвите две помали лепчиња.

Потребни состојки

90 грама микс од сњемиња по избор

360 грама брашно

88 грама овесни снегулки

360 мл топла вода

20 грама путер(или масло)

7 грама квасец

1 лажица мед

1 лажица сол

 

Подготовка

Започнете со подготвка на овесните снегулки. Зовријте ја водата и додадете ја на овесните снегулки. Оставете ги околу пет минути да се намали температурата до млака околу 40 степени, потоа додадете една лажица мед и квасецот. Квасецот и медот не ги додавајте веднаш додека е многу топла водата за да не го уништите квасецот. Измешајте ги состојките со лажица и додадете го путерот на собна температура и изматете.

Потоа подгответе ги сувите состојки. Во брашното додадете ја солта, семињата и овесните снегулки. Брашното може да биде сенаменско или може да додадете половина пченкарно по избор.

Измешајте ги сите состојки со лажица да се изедначат и додадете ги во садот   со овесни снегулки.

Со лажица убаво измешајте додека се впие брашното и оставете петнаесет минути.

Потоа на набрашнета површна обликувајте го тестото во форма на топка, или може да го поделите на две половина за две помали лепчиња.

Помали огноотопорни садови или помала тава премачкајте ја со масло и додадете го тестото во нив.

Премачкајте ја површината со изматено јајце и покријте со семиња и овесни снегулки, притиснете за убаво да се залепат.

Оставете го лепчето вака да нарасне убаво околу два часа.

Печете на 180 степени 25 минути.

Имајте добар апетит.

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Milk Loaf, No Knead ! Soft, Light Homemade Bread!
next
Healthy Seeds and Oatmeal Bread with honey! No kneading !
previous
Milk Loaf, No Knead ! Soft, Light Homemade Bread!
next
Healthy Seeds and Oatmeal Bread with honey! No kneading !

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here