• Home
  • Торти
  • ТОРТА “КАЛДРМА” СО СВЕЖА КАПИНА!
0 0
ТОРТА “КАЛДРМА” СО СВЕЖА КАПИНА!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

ТОРТА “КАЛДРМА” СО СВЕЖА КАПИНА!

  • Medium

Directions

Share

Торта која личи на “Калдрма” по површинскиот слој откако ќе се испече е вкусен старински рецепт кој лесно и брзо се подготвува, а со топка сладолед е навистина вкусен десерт кој заслужува да го пробате и да го припремате секогаш кога сте кратки со време.

Потребни ви се неколку едноставни состојки и малку свежа сезонска дива капина на која ќе ја поросите по површината  пред печење.

Мерка за состојките може да биде било која големина на шоља во зависност од тавата во која ќе ја печете и количината која ќе ја подговите. Најдобро е да биде помала тава за поголем волумен на тортата. Притоа некои детали во продолжение ќе ја направат совршена оваа едноставна торта.

Состојки

1 шоља сенаменско брашно

1/4 шоља кафеав шеќер

1/4 шеќер во зрно

1 супена лажички сол

2 супени лажици пециво

Измешајте ги сувите состојки да се изедначат и во нив додадете

1 јајце

1/2 шоља млеко

1 лажичка ванила экстракт

Измешајте да добиете тесто малку погусто од палчинки, по потреба додадете млеко или брашно за убава густина.

120 грама путер растопете на тивка температура и додадете го во тавата за печење, и врз него полијте го тестото. Двете смеси грубо измешајте со шпатула во шара како мермер и на крајот распоредете  ги свежите капини по површината.

Печете на 200 степени 40 минути.

После 30 минути печење поросете ја тортата по површината со малку кафеав шеќер и бел шеќер и вратете ја да се пече уште 10 минути. На крајот проверете ја средината на тортата дали е испечена.

Послужете топло парче торта со топка сладолед и ливчиња свежо нане.

Имајте добар апетит!

Споделете ако ви се допадне.

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Watermelon Rind Sweet Recipe! Simple Preparation! Unique Flavor!
next
Леб од Хељда, без месење, без квасец! Безглутенски Рецепт!
previous
Watermelon Rind Sweet Recipe! Simple Preparation! Unique Flavor!
next
Леб од Хељда, без месење, без квасец! Безглутенски Рецепт!

Add Your Comment