Ingredients
-
1 шоља овесни снегулки
-
2 шољи вода
-
кокосово млекоили по желба кравјо, бадемово, овесно млеко
-
каранфилче
-
цимет
-
мускатно оревче
-
ѓумбир во прав
-
2 лажици медможе да се стави и шеќер
Directions
Потребни се неколку минути за здрав почеток на денот.
Одличен оброк за дијабетичари.
Една шоља овесни снегулки се прелива со вода и се оставаат да отстојат навечер во фрижидер или барем два часа на собна температура за да омекнат.
Кога се готови им се додаваат 2 шољи вода и се оставаат да зовријат.
Се додава кокосово млеко или по желба кравјо, бадемово, овесно млеко, како и зачини, каранфилче, цимет, мускатно оревче и ѓумбир во прав, се меша една минута и се блендира во блендер или уште подобро ако имате пасатор.
Од засладувачи може да додадете 2 л. мед на крајот кога ќе се сервира, стевиа или шеќер.