Ingredients
-
1 краставицана коцки
-
500 мл кисело млеко
-
1 Свеж лукчешне
-
по избор Ореви
-
Магдонос
-
босилок
-
прстофат морска сол
Directions
Таратор или Таратур, салата или ладна супа која се консумира во топлите летни денови. Една од омилените како мезе со ракија, која ќе ве разлади и освежи. Подготвувана од дамнешни времиња од нашите баби како здрав оброк кој изобилува со бенефити за здравјето.
Лесна и брза за која ви е потребна свежа краставица, овчо кисело млеко, но може да користите и кравјо, чешне лук, свеж магдонос и босилок. Оригиналниот начин на кој ја правеше баба ми ги содржи овие состојки, но доколку сте љубители на ореви може да додадете и ореви. Јадете со лажица, а ако додадете тостирано лепче ќе имате целосен оброк. Во видеото подготовката е на традиционален начин со толчење на лукот и свежите билки со морска сол. Состојките и повеќе детали следете во подготовка под видеото.
На здравје !
Steps
1
Done
5 минути
|
ПодготовкаИзлупете една краставица и исечете ја на коцки. |