Ingredients
-
10 грама кора од калинказа две лица
-
200 дл свеж сок од калинказа две лица
-
2 лажици Мед
-
парчиња лимонпо желба
-
коцки мразпо желба
-
свежо нанедекорација
Directions
Старински природен лек поздаборавен кој е голем чистач на црниот дроб, идеален лек кој делува брзо во случај на салмонела и дијареа, го прочистува целиот организам од токсини, и помага за губење на вишокот килограми.
Следен пат кога ќе купите калинки добро измијте ја кората со сода бикарбона и излупете ја тенко. Овој чај има силен горчлив вкус, затоа ви препорачувам да го направите како вкусен сок кој ќе сакате да го пиете почесто, и така ќе можете полесно да им го дадете на вашите деца. Со тоа ќе им помогнете во случај на тегоби и болки во дигестивниот систем.
Се што ви е потребно е една лажица сува кора од калинка, свеж сок од калинка и малку засладувач.
Во продолжение имате детали како да ја исушите кората на природен начин и да имате во моменти од годината кога најмногу ви е потребно.
Сите лекови ги има во природата и се достапни за сите нас, само понекогаш се заборавени.
Steps
1
Done
2 дена
|
Сушење Кора од КалинкаКога сакате да подготвите чај од кора, најдобро е да одберете зрела калинка со убава црвена боја однадвор и да биде здрава. Добро исчистете ја кората со сода бикарбона и тенко излупете. |
2
Done
10 минути
|
Подготовка на Свежо Цеден Сок од Калинка!За едно лице ви се потребни 5 грама сува кора од калинка (1 лажица). |