1 0
Совршено меки и тенки палачинки

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

2 Јајца
3 полни лажици брашно по потреба
1 шоља (350гр) Јогурт
2 лажици масло
прстофат Сол
1 лажица Мед
1 лажица ванила екстракт

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Совршено меки и тенки палачинки

неодоливо вкусни

  • 20 минути
  • Easy

Ingredients

Directions

Share

Прекрасни тенки, меки и вкусни палачинки од тесто со мазна структура, кои нема да ви горат, ниту да бидат тегави. Лесни и едноставни за подготовка со вистински освежителен вкус кој го добиваат од јогуртот. Блага или солена варијанта со фил каков што најмногу ви одговара. Пaлачинки кои гостите и вашите најблиски ќе ги обожаваат.

Steps

1
Done
15 минути

Подготовка на тесто

Во подлабок сад ставете ги јајцата, додадете им прстофат сол и една лажица мед (или прстофат шеќер).
Со маталка измешајте ги јајцата кратко околу петнаесетини секунди.
Додадете го јогуртот и маслото и измешајте уште еднаш неколку секунди.
На крај додадете три полни лажици брашно. Пробајте со две лажици и додавајте по потреба, во зависност од густината на јогуртот и големината на јајцата.
По вкус додадете ванила екстракт на крајот и оставете ги во фрижидер 15 минути пред да ги печете.
Премачкајте ја тавата со масло и вишокот соберете го со кујнска хартија.
Печете ги на средно умерена температура, околу една минута, штом се готови од едната страна, кога ќе ги свртите им е потребно околу десетина секунди.
Бидете внимателни да не ги препекувате за да не бидат суви.
Декорирајте со фил кој вас ви одговара.
На здравје !

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
ТАРАТУР – ТАРАТОР !
next
Perfectly thin and soft crepes
previous
ТАРАТУР – ТАРАТОР !
next
Perfectly thin and soft crepes

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here