0 0
Совршено Меки и Тенки Палачинки!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Совршено Меки и Тенки Палачинки!

  • Medium

Directions

Share

Прекрасни, тенки, меки и вкусни палачинки од тесто со мазна структура, кои нема да ви горат.

Лесни и едноставни за подготовка со вистински освежителен вкус кој го добиваат од јогуртот.

Може да ги подготвите како блага или солена варијанта со фил каков што најмногу ви одговара. Ова дефинитивно се пaлачинки кои гостите и вашите најблиски ќе ги обожаваат.

Сосочки

2 јајца

3 лажици брашно

1 шоља јогурт (350мл)

2 лажици масло

прстофат сол

ванила екстракт

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТО

Во подлабок сад ставете ги јајцата, додадете им прстофат сол и со маталка изматете ги јајцата кратко за да се изедначат жолчките со белките. Додадете го јогуртот, маслото, ванила екстрактот и измешајте ги состојките.

На крајот додадете три полни лажици брашно. Пробајте со две лажици и додавајте по потреба, во зависност од густината на јогуртот и големината на јајцата.

Оставете го тестото во фрижидер 15 минути пред да ги печете. Премачкајте ја тавата со масло и вишокот соберете го со кујнска хартија.

Печете ги на средно умерена температура, околу две минути, штом се готови од едната страна свртете ги и печете ги уште дваесетина секунди.

Како љубител на овошни вкусови ви препорачувам едноставен фил со џем од кајсија и сецкани парчиња кајсија, поросете со прав шеќер и уживајте во ова слатко задоволство.

Имајте добар апетит!!

 

Како да подготвите домашен џем од кајсија.

Златна Боја, Џем од Кајсии! Како да подготвите!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Golden Apricot Jam! How to prepare at home!
next
Perfectly Thin and Soft Crepes!
previous
Golden Apricot Jam! How to prepare at home!
next
Perfectly Thin and Soft Crepes!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here